Оваа сезона околу 1,3 милиони навивачи ги следеле во живо 17-те домашни натпревари на Борусија на Вестфален стадионот во Дортмунд. Тоа значи дека во просек на нивните домашни натпревари присуствувале по 80.300 гледачи.
Дури на 16 од 17-те домашни натпревари на Борусија Дортмунд присуствувале повеќе од 80 илјади гледачи. Единствено на големото дерби против Шалке во март не беше исполнет целиот капацитет на стадионот (80.645) кога капацитетот на стадионот заради безбедносни причини беше намален на 77.600 гледачи.
Четири од петте домашни натпревари во Лигата на шампиони исто така беа целосно распродадени. Само за натпреварот против Олимпик Марсеј останаа непродадени 229 влезници.
Зад нив во Германија е екипата на Баерн Минхен со 71.000 гледачи. Во Англија најпосетени се натпреварите на Манчестер Јунајтед со 75.200 гледачи во просек. Реал Мадрид води во Шпанија со 73.200 гледачи пред Барселона со 71.600.
Во Македонија најпосетени се натпреварите на Шкендија со просeчни 5.600 гледачи, пред Пелистер со 2.200 и Брегалница со 2.000 гледачи по натпревар. Минатогодишниот шампион Вардар го следат само по 500 гледачи, а најмалку во пресек има Металург чии мечеви ги гледаат 320 гледачи.