По повод роденденот, да се потсетиме на нивното најдолго и најжешко лето откако постојат. Лето 2017-та во кое испишаа нова страница за македонскиот фудбал и спорт воопшто. Пласманот во Лига Европа за прв пат во историјата.
Како стигнаа до таму? Со елиминација на турскиот гигант Фенербахче тежок 19 титули и буџет од 150 милиони евра.
На 17 август на Градски се случи ова
A на реваншот среде Истанбул ова:
И уште деби голот на Вардар во Лига Европа со мајсторија на Хуан Фелипе во стилот на Тоти.