Најдобриот фудбалер на Светското ужива на црногорскиот бисер

Шпанија ги обедини европската и светската шампионска титула, подвиг каков што не направил никој во историјата. Шпанците се апсолутни владетели со светскиот фудбал, а за најдобар играч на Мундијалот беше прогласен Родри. Тој додека сите негови колеги уживаат на јахти, по мориња и океани, се решил за црногорската убавица Дурмитор, планина со прекрасни катуни, јавање коњи, езера, реки, рафтинзи...

Родри кој во 2025-та година ја доби Златната топка од ФИФА за најдобар фудбалер на светот бил во посета на етно-катунот „Дурмитор“ кој го држат браќата Караџиќ и се наоѓа на шест километри од феноменалниот Жабљак.

Родри седнал на коњ и ја прошетал прекрасната природа која го краси ова место на познатата планина.

Во Црна Гора е и Новак Ѓоковиќ кој ужива во водите на Јадранско море.

4 август 2026 - 12:58