Мртва трка за Лига на шампиони во Серија А

Рома, Лацио и Наполи се трите екипи кои ќе го направат најинтересен финишот во италијанскиот фудбалски шампионат во кој Јувентус не даде простор за неизвесност во трката за шампионската титула.

Според моменталниот изглед на табелата големите градски ривали се најблиску до пласман во најквалитетното клупско европско натпреварување за кое само Јувентус има обезбедено место. Рома е на второ место кое носи директно, а Лацио заостанува со само еден бод и се наоѓа на позицијата од која прво се игра едно квалификациско коло.

Наполитанците и покрај што се оддалечени 4 бодови од Лацио, нема да се откажат од борбата за ЛШ која истовремено ја бркаат и преку Лига Европа, каде освојувач на пехарот од оваа година добива право директно да учествува во групната фаза од елитата.

Со оглед на распоредот на овие три екипи на четири кола од крајот на сезоната, многу веројатно е дека неизвесноста ќе трае до крај.

Под најголем притисок веројатно се наоѓа Лацио кој веќе 8 години нема учествувано во ЛШ и кој воопшто не може да му се радува на календарот. Во следните две кола игра против Интер и Сампдорија, екипи кои се борат за ЛЕ, а потоа судбината ќе си ги решава во директните дуели против Рома и Наполи.

За Наполитанците следните две кола против Парма и Чезена не би требало да претставуваат проблем. Потоа пред да го пречекаат Лацио му гостуваат на Јувентус кој само формално ќе ја доврши сезоната во Серија.

За Рома која е во одличен победнички ритам маките им се само на 24 мај, вечното римско дерби кое може да направи пресвртница во однос на втората позиција. Ова коло му гостуваат на индиспонираниот Милан, а дома ги пречекуваат Удинезе и Палермо кое не се борат за ништо.

35. коло
Милан – Рома (09.05)
Лацио - Интер (10.05)
Парма – Наполи (10.05)

36. коло
Сампдорија – Лацио (16.05)
Рома – Удинезе (17.05)
Наполи – Чезена 18.05)

37. коло
Јувентус – Наполи (23.05)
ЛациоРома (24.05)

38. коло
НаполиЛацио (31.05)
Рома – Палермо (31.05)

Табела:

1. Јувентус 79
2. Рома 64
3. Лацио 63
4. Наполи 59
5. Фиорентина 52

8 мај 2015 - 15:21