Финалето на шпанскиот Суперкуп донесе луд натпревар со дури 5 гола. Фаворитот Барса поведе преку Гризман во 40' минута, Баскијците израмнија преку Оскар де Маркос во 42' минута, а Французинот одново и донесе водство на Барса во 77' минута.
И кога сè беше спремно за последна судиска свирка и славје на „блауграна“ за освоениот пехар, прво во 90' минута Ансиер Виљаибре а после во продолженијата Ињаки Вилијамс прават чудесен пресврт 2:3 и трофејот отиде заслужено за Атлетик Билбао.
Но овој натпревар уште долго ќе се памети по нешто друго.
Во 119' минута, во првото продолжение Лионел Меси фрустриран од тоа што е на пат да изгубат уште еден добиен меч, во импулсивна реакција го удри напаѓачот на Атлетик Билбао Асиер Виљалибре:
Играчите на Атлети постојано се обидуваа да испровоцираат реакција од ривалите, имаа блиски контакти при секој обид да исценираат фаул. И на крајот им појде од рака, но најчудно е што го изнервираа Меси, можеби најфаулираниот фудбалер на сите времиња кој и самиот знае како е да се биде клоцан и влечен.
Ова беше прв црвен картон за Меси во 753 настап за Барселона! Просто неверојатен податок.
Но не му е прв во кариерата. Има пар црвени картони во дресот на репрезентацијата на Аргентина.
Се сеќаваме на последниот во летото 2019-та кога на Копа Америка во дуелот со Чиле за трето место физички се пресмета со „питбулот“ Гари Медел. А првиот црвен картон го доби на дебито за репрезентацијата на Аргентина, кога штотуку што влезе во игра против Унгарија во Будимпешта и беше исклучен за груб прекршок.
Синоќа Меси не протестираше кај судиите, мирно ја прифати одлуката и го напушти теренот.