Мексико со јуначки бод против домаќинот

Фудбалерите на Бразил и Мексико се вторите две репрезентации кои не успеаа да ја затресат мрежата на досегашните 16 натпревари на Светското првенство во Бразил. За „Кариоките“ ова е првиот натпревар по СП 1978 на кој не успеале да постигнат гол.

Група А

Бразил - Мексико 0:0

Репрезентацијата на Мексико се покажа како тврд орев за Бразилците кои се изнамачија и не успеаа да стигнат до победа во втората рунда која стартуваше во групата А. Мексико рамноправно се бореше во поголемиот дел од мечот, по кој како и двете селекции да се задоволија со по еден бод. Најголемата пречка за Нејмар и другарите беше извонредниот Гилермо Очоа кој го покри голот на Мексико.

Група X

Белгија - Алжир 2:1
Фелаини 70' Мертенс 80' - Фегули

На стадионот Минеирао во „Бело Хоризонте" фудбалерите на Алжир се обидоа да приредат сензација против Белгија откако Фегули од пенал во 24 минути му донесе водство на својот тим. За целосен пресврт на мечот се погрижија Фелаини и Мертенс за огромна радост на првиот натпревар за селекцијата која и беше противник на Македонија во квалификацискиот циклус за ова Светско првенство. 

 

17 јуни 2014 - 23:08