
Италија - Македонија, 20:45, Палермо, стадион „Ренцо Барбера“, полуфинален бараж за пласман на Светско првенство. Последен прес на Манчини пред средбата.
„Немавме многу време. Вчера пробавме нешто, најголем дел од дечките се познаваат добро од Европското и знаат што треба да прават на терен“.
Може ли да биде предност тоа што во селекцијата има девет играчи кои го искусија баражот во 2017 (пораз и тешка елиминација од Шведска за пропуштено Светско 2018)?
„Не знам дали може да биде предност или не. Може да се има моменти на еуфорични победи, и моменти на разочарување. Некој поминал низ тоа, а некој сака да се издигне над тоа. Треба да се биде концентриран на тоа што се работи. Екипата знае да игра фудбал и покажа. Треба да мислиме само на теренот и не на друго, на ништо друго“.
Во овој плејоф според вас има ли некој фаворит?
„Сите тргнуваме од нула, нема никаков фаворит. Во 90 минути може да се случи сешто, знаеме дека натпреварите се отворени дури и кога изгледаат лесни. Според мене нема фаворит“.
Дали ако има пенал ќе го шутира Жоржињо (промаши два клучни против Швајцарија во два меча од групата и поради тоа не отидоа директно на Светско првенство).
„По промашените против Швајцарија постигна седум пенали во серија, си ја врати прецизноста. Имаме многу пеналџии, ако треба да се шутира пенал сигурно нема да биде проблем. Треба да дадеме гол и да победиме, ако има пенал ќе го изведеме“.
Почуствувавте ли енергија овде во Палермо? Колку ќе влијае стадион отворен со 100% капацитите?
„Палермо отсекогаш ја поддржувал Италија со преполн стадион. Навивачите ќе ни бидат многу блиску. Ова е позитивно. Во Палермо бевме пред три ипол години и публиката се почуствува. Фактот што ќе се врати на 100% капацитет од трибините е нешто многу повеќе за разлика од претходните две години, нешто позитивно. Дури и да беше на 75% капацитет Палермо ќе одговореше добро. Се надеваме дека на крај сите ќе бидеме среќни и задоволни“.
Се плашите ли од дефанзивен ѕид или нервоза која би можела да се вовлече?
„Тргнуваме од 0-0, треба да останеме смирени и да ја играме нашата игра. Тие победија 2-1 во Германија, имаат сериозен технички квалитет. Ќе треба да се остане смирен и да се игра наша игра. Потребно е трпение, нема да ни се пружат многу простори. Ако се вовлече нервоза ќе стане тешко“.
Пробавте некоја тактичка измена?
„Нешто пробавме, ќе видиме за време на мечот“.
Што е сменето во репрезентација во последниве осум месеци?
„Репрезенацијата секогаш бара да игра своја игра. Кога спремаш Европско или Светко имаш време за одредени работи. Кога играш натпревари во тек на годината е потешко, не е сменета многу екипата“, заклучи Манчини на последната прес-конференција пред натпреварот.
Прочитајте уште и:
Големо интервју на Пандев за Кориере: „Италија е фаворит, ама ние ја победивме Германија“
Што може Македонија на гостувањето кај европскиот шампион Италија?
„На плоштад ќе направам голема торта ако се пласираме на Светско“
Eлмас во коментар го пецна Инсиње пред мечот со Италија
Италија во баражите низ историјата: Од мразот во Москва со младиот Буфон, до бламот со Вентура
Каква Италија ја чека Македонија во баражот за Светско првенство 2022?