Сега во политичките води запливал и Хозе Луис Чилаверт, легендарниот голман на Парагвај кој се прослави со евроголови од слободен удар.
На својот Твитер налог, Чилаверт го објавил постерот за својата пред-изборна кампања: „Chila presidente 2023. Горд сум што сум Парагваец“.
— José Luis FelixChilavert Gonzalez (@JoseLChilavert_) December 24, 2020
Претседателски избори во Парагвај ќе има во 2023. Чилаверт станал еден од првите кои ја истакнал кандидатурата, иако уште во летото 2020 тој најавувал трка за претседател.
„Доста е безаконие, доста корупција, доста е грабеж на народот на Парагвај“, стои во програмата на Чилаверт.
Basta de impunidad, basta de corrupción y basta del saqueo al pueblo Pyo. pic.twitter.com/wsZ6daRVqr
— José Luis FelixChilavert Gonzalez (@JoseLChilavert_) June 26, 2020
Легендарниот голман не сака само да се појавува во медиумите, туку тој долго време ја проучувал политичката ситуација во земјата. Уште во 1999-та година одбил да игра за репрезентацијата на домашната Копа Америка, ја критикувал власта дека фрлала пари на фудбал наместо на образование.
И уште тогаш, на почетокот на 2000-та најавувал дека ќе земе учество во политичкиот живот за да ја исправи ситуацијата на подобро. Тој често жестоко ги критикува политичарите. Тамошните пратеници и министри ги нарекувал корумпирани лажговци.
La gran mentira de la revolución,despierten,el populismo es peor que el Covid19. pic.twitter.com/TG3ptAFGHh
— José Luis FelixChilavert Gonzalez (@JoseLChilavert_) June 11, 2020
Од 2018-та година лидер на Парагвај е Марио Абдо Бенитез кого локалните медиуми го обвинуваат дека на високи позиции поставил свои роднини и луѓе кои имаат криминална историја.
Но голманот кој се изнадава голови со маестрален шут од слободен удар и така стекна светска слава, не ја критикува само актуелната власт. Неодамна Чилаверт го критикувал и култниот Фидел Кастро.
„Овој популизам и лажна револуција е поопасен од коронавирус“, напишал Чилаверт и објавил фотографија од Кастро.
Летото 2020 имаше вести дека Чилаверт би можел да стане прв човек на КОНМЕБОЛ (Јужно-американска варијанта на УЕФА). Парагвајскиот голман го обвинил првиот човек на оваа организација, Алехандро Домингез за корупција па морал на суд поради клевета. Нивниот спор и натаму трае.
Но ни Чилаверт не е баш „цвеќе за мирисање“. Во Парагвај сега е актуелна една непријатна историја.
Имено државната нафтна компанија PetroPar била задолжена 7 милиони долари кај аргентинската фирма Texos. Се почнало уште во 2010-та кога Texos им понудила на соседите нафтни продукти по ниска цена.
Зделката пропаднала зошто понудата била чудна - цената била прениска, а одобрениот капитал на аргентинската компанија не преоѓал 30.000 американски долари (обично капиталот на нафтни компании изнесува неколку милиони).
Каде е тука Чилаверт?
Тој ја организирал средбата меѓу PetroPar и Texos и бил на аргентинска страна во дилот. Заедно со него бил и претставник кој подоцна бил сменет поради корупција.
„За време на преговорите Чилаверт беше нервозен и лут и бараше што побрзо да се среди се. Но му одговоривме дека не можеме да го потпишеме договорот без одржување тендер и јавна расправа Разбирање за ова имаа дури и претставниците на Texos, но Чилаверт бараше измена на процедурата, или во спротивно викаше, животот во Парагвај нема да се смени“, вели адвокатот на PetroPar, Адолфо Фереиро.
До претседателските избори во Парагвај има уште 2,5 години, но Чилаверт веќе има голем капитал поддршка: народот многу го сака поради фудбалската кариера и се што направил за нивната репрезентација.