Нејзината компанија PCP Capital Partners се јавува како купувач на Њукасл, но зад неа стои Државниот саудиски инвестициски фонд. Таа одамна се трудела да овозможи влез на Саудијци или партнери од ОАЕ во Њукасл, но поради разни пречки не можеше да го купи клубот од Мајк Ешли.
Сега дојде тој момент и нејзините упорни залагања и напори се исплателе.
КАКО МЛАДА БИЛА АТЛЕТИЧАРКА, НА 16 ГОДИНИ СЕ ЗАПИШАЛА НА КЕМБРИЏ, А НА 22 ОТВОРИЛА РЕСТОРАН
Аманда Стејвли, жената која што е најзаслужна што во англиската Премиер лига влегува најбогатиот фонд на светот (некои пишуваат дека е за 50% побогат од фондовите кои ги раководат Манчестер Сити и ПСЖ), е родена во Јоркшир во семејство на сопственик на забавен парк.
Мајка ѝ била една од најдобрите џокеји во регионот и периодично работела во светот на модата. Дедо ѝ на Аманда поседувал мрежа обложувалници, а имотот на кој растела бил на семејството уште од XVI век.
Во детството Стејвли била спринтер - трчала сто метри за 13 секунди но поради сериозна повреда и долга пауза, ја завршила спортската кариера.
Порано, пред време од своите врсници, на 16 години се запишала во Виша школа а набрзо и на Кебриџ со цел да студира современи јазици но таму не и тргнало баш најдобро затоа што имала семејни проблеми.
Почнал дедо и со кого била блиска, татко и доживеал срцев удар а мајка и имала Хантингонова болест - невродегенеративно заболување кое 50% може да биде наследно.
Во 2013-та година и на Аманда и ја дијагностицирале оваа болест. Оваа болест носи бавно и фатално умирање. Не може да се лекува, постојат лекови кои можат да го успорат развојот и ширење на симптоимите но обично луѓето после првите симптоми живеат уште 20-ина години.
Првиот бизнис Аманда Стејвли го започнала во 1996-та кога имала 22 години. Земала кредит од 180.000 фунти и отворила ресторан во едно село близу Њумаркет. Ова е мало градче на 100 километри од Лондон кое би било сосема обично и просечно ако ги не било центар на коњските трки (постои дури и кралски дворец на Елизабето II која повремено доаѓала тука да гледа трки). Плус тука е и научно-економски отсек на Кембриџ и овој регион го нарекуваат Кремниево мочуриште како аналогија на калифорниската Силицијумска долина).
„Права причина поради која сакав да отворам ресторан беше кога ја видов Мишел Фајвер во „Текила Санрајз“ (филм од 1988 година). Помислив: „Колку изгледа убаво ова“, раскажала еднаш Аманда.
Благодарение на ресторанот во кој понекогаш останувала до 4 наутро за да организира се за следниот ден, таа почнала да разговара и да се зближува со сопствениците на коњски ергели кои редовно доаѓале тука на ручек.
Меѓу нив биле и арапски принцови од едно од најголемите семејства во ОАЕ, Ал Мактум. Тие ја имале најелитната ергела на коњи Godolphin. Паралелно Аманда полагала испити за да се стекне со диплома по финансии и повремено работела како модел.
Откако дипломирала и станала економист таа брзо влегла во светот на брокери и консултанти.
СРЕДБА СО ПРИНЦОТ ЕНДРЈУ И ИНВЕСТИЦИЈА ОД КРАЛОТ НА ЈОРДАН
Во 2000-та Аманда Стејвли го продала ресторанот и заедно со Тринити колеџ (еден од главните колеџи на Кембриџ) за 10 милиони фунти во Кембиџскиот научен центар отворила иновациски центар Q.ton во кој имало теретана, ресторан и конференциска сала.
Наводно инвестииците за овој центар во позадина оделе од кралот на Јордан, Абдал II.
Подоцна поради криза и банкрот на компанијата, Стејвли се судела со банката Barclays која е најголем спонзор на Премиер лига.
Набрзо принцот Ендрју (во тој период бил четврти наследник на тронот на Обединетото Кралство) како трговски амбасадор на земјата заедно со кралот на Јордан, Абдал II дошол во центарот на Аманда, се запознал со неа и од тогаш почнале редовно да се гледаат.
Ја запознал со најтесниот круг роднини и пријатели, таа остварила многу важни контакти и како искусен посредник му помагала на принцот во воспоставуање трговски односи (тој неочекувано го добил местото трговски амбасадор и не се разбирал баш во тоа). Аманда Стејвли ја посетувала и Бакингемската и Сандрингемската палата (главни кралски резиденции) и помагала во опремување на куќата на принцот во замокот Виндзор.
Во 2003-та принцот Ендрју и предложил брак и таа автоматски би се стекнала со титула а во иднина би можела да стане и прва лејди во земјата. Семејството и принцот Филип (мажот на Елизабета II) се согласиле зошто добро ја запознале а во нејзиното семејство имало и високи воени чиновници: роднина и бил првиот морски лорд (највисока титула на флотата на Обединетото Кралство) Вилијам Стејвли.
Аманда била од конзервативно семејство кое инсистирало таа да се омажи, но таа одбила и се разделила со Ендрју. Подоцна раскажала дека мајка и и татко со години ја навредувале и исмевале зошто одбила да се омажи во кралско семејство.
Таа сметала дека ќе биде премногу ограничена со титулата која што значи строгост и дисциплина и ќе и смета во водењето бизнис.
Во 2011-та година за брак успеал да ја убеди иранскиот бизнисмен Мердад Гудуси. Парот има дом во Дубаи во соседство на Роџер Федерер и стан во Лондон.
СТЕЈВЛИ Е НАЈДОВЕРЛИВО ЛИЦЕ ЗА БЛИСКИОТ ИСТОК
Врската со принцот Ендрју не била бескорисна. Во тој период Велика Британија значајно ги зацврстила трговски врски со земјите од Блиски Исток. И Аманда исто.
По раскинување на врската со Ендрју таа се преселила во Дубаи кде основала своја компанија PCP Capital Partners. Во Обединети Арапски Емирати се запознала со Роџер Џенкинс, еден од најпознатите банкари на светот кој исто имал врски со Блискиот Исток.
За пет години работа Аманда стекнала контакти со најголемата елита на Блискиот Исток. Таа во тие кругови важела за најдоверливо лице. Неа и верувале најмногу од сите неарапски инвеститори.
ТАА Е ЗАСЛУЖНА ШТО ДОШЛЕ ШЕИЦИ ВО МАНЧЕСТЕР СИТИ, САКАЛА ДА ГИ ДОНЕСЕ И ВО ЛИВЕРПУЛ
Во 2008-ма и 2009-та Аманда Стејвли посредувала во најголеми зделки во кариерата, а две од нив се поврзани со фудбал и шеикот Мансур.
Во тоа време за малку кралското семејство од ОАЕ не го купи Њукасл. Мансур бил цврсто решен да вложи во британскиот фудбал. Но поради тврдоглавоста на Мајк Ешли, сопственикот на Њукасл, зделката пропаднала.
Во тој период Стејвли два пати би носела инвеститорите и во Ливерпул и пробала тука да внесе пари од Блискиот Исток но двата пати немало ништо повеќе од гласини.
огаш Мансур го свртел вниманието кон Манчестер Сити, просечен тим од Премиер лига кој цела историја е во сенка на својот поголем ривал од градот, Манчестер Јунајтед. Стејвли преку нејзината компанија била консултант при продажбата на Сити на тајландскиот премиер Таксин Шинаватра и добила комисија од 10 милиони фунти.
Друга голема зделка со Мансур и била влез на инвеститори од Блискиот Исток во банката Barclays. Таа донела инвестиции од 3,5 милијарди фунти од Мансур и 7 милиони фунти од катарски инвестициски фонд. За оваа зделка добила 30 милиони фунти.
Од 2017-та упорно сакала преку нејзината компанија PCP а со поддршка на Државниот инвестициски фонд од Саудиска Арабија да го купи Њукасл од Мајк Ешли, но тој попушти дури во октомври 2021 година. После три обиди конечно Њукасл ќе добие нови сопственици, а како главен владетел на клубот од сенка ќе биде Мохамед бин Салман, наследникот принц на Саудиска Арабија.
За оваа зделка таа ќе добие 10% од акциите на клубот и место директор на клубот.
Нека се спрема Европа, навивачите на Њукасл слават, клубот го купи фонд од Саудиска Арабија