Нека се спрема Европа, навивачите на Њукасл слават, клубот го купи фонд од Саудиска Арабија

Сонот на навивачите на Њукасл се остварува - омразениот Мајк Ешли со кого со години водеа војна конечно го продава клубот и ќе му го видат грбот. Њукасл го купува државен инвестициски фонд од Саудиска Арабија (PIF – Public Investment Fund) - најбогат фонд на светот. Зделката е официјална, објави и Премиер лига.

На Твитер меѓу илјадниците пораки за славје меѓу навивачите на Њукасл кои со години проаѓаа тешки периоди во втора лига, се споделува една слика која најдобро го отсликува богатството на новите газди на Њукасл - за 75% посто се побогати од сите останати клубови вкупно во Премиер лига.

 

PIF фондот купува 80% од акциите на Њукасл, а со клубот најверојатно ќе владее шефот на овој фонд, Јасир ал Румајан. Но сигурно прав владетел во целата приказна ќе биде наследникот принц на Саудиска Арабија Мухамед бин Салман, највлијателниот човек во земјата.

Посредникот на целата приказна и најзаслужната што овој фонд доаѓа во Британија е Аманда Стејвли која ќе добие 10% од акциите во клубот, а уште 10% од акциите ќе имаат британските милионери Дејвид и Сајмон Рубен.

Мајк Ешли, досегашниот сопственик од продажбата на Њукасл ќе добие 300 милиони фунти. Таа сума Ешли се обидуваше да ја добие од потенцијалните купувачи цели 14 години и конечно може да биде задоволен од зделката.

Арабијците планираат да инвестираат големи пари во екипата уште од јануари но ќе го прават тоа постепено и внимателно за да не го нарушат фер плејот во англискиот фудбал и УЕФА.

Но тоа е долгорочна перспектива. Њукасл сезонава се надева да остане во Премиер лига а во врска со тоа наскоро би можеле да го отпуштат тренерот Стив Брус со кого екипата е во зона на испаѓање во моментов.

ПРЕМИЕР ЛИГА ДОЛГО ВРЕМЕ ЈА ОДБИВАШЕ ЗДЕЛКАТА. ЗОШТО СЕГА ЈА ОДОБРИ?

Формално Премиер лига ништо не блокирала, туку фондот сам првично ја повлече понудата за купување на клубот. Финансиска комисија на Премиер лигата го одложувала разгледувањето на документи поради наводен проблем со пиратерија. Права на преноси на Премиер лига на Блискиот исток има катарскиот медиски гигант beIN Sports.

Но Саудиска Арабија од 2017-та година беше во конфликт со Катар, а beIN на територијата на Саудиска Арабија е забранет. Саудијците во меѓувреме преку уреди на BeoutQ фаќале сигнал од beIN и други канали па ги препродавале. beIN е еден од најголемите партнери на Премиер лига со години, па Катарците веднаш се побуниле против каков бил влез на Саудијци во Њукасл. Оделе дури до таму да го раскинат договорот со Премиер и да не плаќаат пари.

Откако се решил овој проблем, тогаш се отворил пат за договор. По назначувањето на Маџид Ал Касаби на местото министер за информациона политика, во преговори со Премиер лига влегла не само Аманда Стејвли (таа ќе им помага на Саудијците во управување со клубот), туку и чиновници на барање на Саудискиот принц бин Салман.

Тие ги прифатиле сите барања на Премиер лига: за пар недели ги затвориле сите пиратски канали кои го ре-пренесувале beIN, им дозволиле на Катарците влез во земјата со цел да пренесуваат Премиер лига и им предложиле 1 милијарда долари како компензација. Наскоро Премиер лига ја одобрила зделката.

А КОЈ Е ПРОТИВ ОВА?

Најголемите критики за оваа зделка се од морално-етички карактер. Огромен дел од навивачите се радуваат што клубот ќе им стане богат, но не сите. На пример новинарот Алекс Томпсон од Channel 4.

„Од дете сум за Њукасл Јунајтед но утрово се почувствував лошо. Да, Ешли не треба да остане но тој не убива и затвора новинари, не им сече глава на луѓето и не се однесува со жените како со луѓе од трета сорта. Во што по ѓаволите се претвори фудбалот?“, напишал Томпсон кој рекол дека веќе престанува да навива за клубот.

Водството на Саудиска Арабија навлече гнев во целиот свет откако се откри убиството на новинарот од Џамал Хашоги во октомври 2018-та. Мухамед бин Салман, наследникот принц бил обвинет дека го организирал убиството зошто Хашоги жестоко го критикуваше и го нарекуваше авторитарен неговиот режим на владеење. Во 2016-та Хашоги бил принуден да ја напушти земјата откако го избркале од работа па се преселил во САД.

Хашоги бил мачно убиен на територија на амбасадата на Саудиска Арабија во Турција. Тој тогаш дошол во амбасадата со цел да добие документ кој му бил неопходен за нов брак, но неговата невеста Хатиџе Џенгиз не ја пуштиле и таа повеќе не го видел Џамал од тогаш. Тој бил убиен а неговото тело исечено на парчиња на територија на амбасадата. Убијците после се вратиле во Саудиска Арабија.

Бин Салман ја призна својата непосредна вина, а убиството го нарекол „ненамерно“. Во саудиската “истрага“ нашле неколку виновни работници кои биле казнети и случајот бил затворен. 

„Само неколку дена по тригодишнината од убиството на Џамал ужасно е да се слушне дека наследникот принц е на чекор да го добие саканото: да си ја испере својата репутација и да го извалка името на спортот. Поставувам прашање: што се сменило? Уште нема правда во врска со убиството на Џамал. Ја повикувам Премиер лига да не се повлекува и сега е прав момент да покажете храброст и држење до принципите. Ова ќе покаже дека убијците не можат да ги измијат своите злочини.

Лигата мора да им даде пример на сите љубители на фудбалот и сите луѓе да кажат не на убиствата“, рекла жената на убиениот Хашоги.

8 октомври 2021 - 09:08