Кој е Иван Проведел - голманот на Лацио кого го збори пола Европа

Голманот на Лацио е сензација на првата вечер во новата сезона на Лига на шампиони. Тој постигна гол буквално во последни секунди од мечот со Атлетико Мадрид за 1:1 и му донесе важен бод на својот тим.

ПРОВЕДЕЛ Е ИТАЛИЈАНСКИ ГОЛМАН СО РУСКИ КОРЕНИ

Иван е роден во центарот на италијанската провинција Порденоне - четврти град по големина во регионот Фриули. Мајка му Елена е Русинка а татко му Пјер Паоло Проведел е од Италија. Во Русија доаѓал секое лето со мајка му кога бил мал, на гости кај баба му во Подмосковје.

„Мајка ми е Русинка, она е родена во Москва, а татко ми е Италијанец. Знам руски јазик го разбирам, но покомотно ми е да зборувам на англиски зошто просто почесто го користам.

Но на руски си зборувам со некои во семејството, на пример во детството си зборував со баба ми која живееше со нас во Порденоне и не зборуваше италијански. Потоа таа замина во Москва а јас заиграв за Удинезе.

Интересно, дедо му на Иван бил близок пријател со легендарниот руски голман Лав Јашин кој бил најдобар голман на светот во еден период.

„Дедо ми се дружел со Јашин. Не знам за нивниот однос но за мене тоа беше уште една причина да верувам во својот сон да станам врвен голман. Таквите луѓе инспирираат. Би сакал да дознам повеќе за нивната дружба, ќе ја прашам мајка ми“, раскажал Проведел во едно големо интервју за руски Чемпионат.

Иван Проведел се вљубил во голманска позиција на шест години кога го гледал Франческо Толдо во полуфиналето на Евро 2000 против Холандија. Тогаш Толдо ја однесе Италија во големото финале.

ПРАВ СТРЕЛЕЦ КАКО МЛАД

Во Тревизо па потоа и во својот роден Порденоне, Иван Проведел играл во нападот. Еднаш во младинското првенство во сезона 2008/2009 Иван Проведел постигнал дури 27 гола како центарфор. Потоа сменил позиција и го остварил сонот да биде голман. Во кариерата од аматерска Лега Про преку Серија Б стигнал до Серија А па заигра и во Лига на шампиони каде се прослави.

Проведел е роден во 1994-та година, висок е метро и 94 сантиметри па поради тоа ја одбрал бројката 94 на ресот. Интересно, голот против Атлетико Мадрид го постигна во 94 минута и 14 секунда. Историски гол во Лига на шампиони на неговото деби во елитното друштво кој ќе го памети додека е жив. Еден настап еден гол. Втор во неговата кариера.

Дваесет и девет годишниот Проведел ја почнал кариерата во академијата на Удинезе па птоа преминал во Киево. Му следеле неколку позајмици во втора и трета лига па бранел за Пиза, Перуџа, Модена, Про Верчели, Емполи, Јуве Стабија.

Се стабилизирал во Специја каде одлично бранел две сезони пред во 2022-ра да дојде во Лацио.

„Искрено секогаш сум сакал да станам голман, а кога во детството ме ставаа во нападот викав: „Или ќе бранам или не играм“. Имаѓе луѓе кои велеа дека е веќе доцна, дека нема да успеам. Нема да ги именувам, сами си знаат. Мене повеќе ми се допаѓа да бранам. Да се дава голови е исто многу добро но чувствувам поголемо задоволство кога ќе направам добра одбрана“, раскажува Рускиот Италијанец Проведел.

Тој ја обожува Русија. Вели дека се труди да оди во оваа земја почесто а синот го крстиле Александар.

Иван не заиграл уште за репрезентацијата на Италија иако веќе добива повици од селекторот Лучано Спалети.

„Цело детство го поминав во Италија, а во Москва доаѓав на поголема возраст. Да ја посетам баба ми. Уште со љубов и милост се сеќавам како ме учеше руски јазик. А ми спремаше и храна од руската кујна. Памтам дека јадев гулаш но главен фаворит ми беа блинчики (палачинки). Нив ги правеше во вторник но јас бев спремен да ги јадам секој ден за доручек и ужина.

„И покрај тоа што сум роден и израснат во Италија, се чувствувам половина Италијанец, половина Русин. Мајка ми и баба ми се Русинки а со нив имам мошне близок однос. Чувствувам дека дел од мене и припаѓа на Русија“, вели Проведел.

БИЛ ЦЕНТАРФОР КАКО МЛАД ПА ЗАТОА И ГОЛОТ СО АТЛЕТИКО МАДРИД ВО СТИЛ НА РАСЕН ГОЛГЕТЕР

Иван раскажал дека сонувал да биде голман, но тренерите упорно го гледале како напаѓач.

„Не знам ни зошто, а не бев толку лош. До 15 години играв во напад но сфаќав дека не ме прави среќен. Тогаш пробав да бранам во младинската екипа и успеав. После ме примети Удинезе и таму станав професионален голман“.

Интересно ова е втор голмански гол во кариерата на Иван Проведел: претходно дал во февруари 2020-та исто со глава и исто во 95-та минута како синоќа кога го шокираше Атлетико Мадрид на Диего Симеоне. Во Серија Б дал гол за Јуве Стабија.

„Тогаш можеби ми помогнаа моите напаѓачки квалитети. Тоа беше неверојатно (голот против Јуве Стабија). На мојот тим му требаше гол зошто губевме до 95-та минута. Решив да тргнам на другата половина и да помогнам во шеснаесетникот. Ми се погоди да дадам гол! Колку беше лудо! Би било сјајно ако би можел да го повторам тоа уште еднаш“, рекол Проведел а последната реченица делува како пророштво.

**************************************************

Шокантен гол на голман на Лацио во 95-та минута

Луда фудбалска вечер во Лига на шампиони

Милан играше викторија со Њукасл, гостите спасија бод

 На Иван Проведел не му е прв пат

20 септември 2023 - 08:37