Фудбалерите на Милан имаа 25 шута кон противничкиот гол од кои 8 директно во рамки на голот на Ник Поуп но не постигнаа гол. Њукасл се врати во Лига на шампиони после 20 години и освои важен бод на „Сан Сиро“.
Најголемата шанса на мечот ја имаше Рафаел Леао кој помина неколку играчи на Њукасл но на крајот се посрамоти пред голот.
Во оваа група се уште и ПСЖ и Дортмунд а нивниот меѓусебен дуел го добија Парижаните со 2-0 со голови на Килијан Мбапе и Ашраф Хакими.