Неверојатна фудбалска вечер во Рим. Лацио губеше од Атлетико Мадрид до последните секунди од мечот кога до вечерва малку познатиот голман Иван Проведел тргна храбро во последниот напад на домаќините и со глава постигна прекрасен гол за 1-1. Делириум на преполниот „Олимпико“.