Пред Иван Проведел да стане херој со гол во 90+5’ за конечни 1-1 со Атлетико Мадрид, тројца голмани се запишале во листа на стрелци во Лига на шампиони.
ХАНС ЈОРГ БУТ СО ХАМБУРГ, БАЕР И БАЕРН
Многумина го паметат легендарниот германски голман кој се прослави во Баер Леверкузен. Тој е прав феномен затоа што има три гола во Лига на шампиони и тоа СИТЕ ТРИ против Јувентус. Со три различни клуба.
Во 2000-та како голман на Хамбург го совладал чуварот на мрежата на Јуве. Подоцна во 2002-ра додека беше член на Баер Леверкузен исто против бјанконерите и во 2009-та како прв голман на Баерн Минхен. Сите три пати од пенал.
Бут еднаш го објаснил искушението на голманите да изведат пенал: „Одбранетите пенали ми помагаа и со изведените. Добрите пеналџии чекаат голманот прв да се мрдне од место па така најдобро да се чека до последен момент. Дуел меѓу голманите е апсолутна кулминација во изведување пенали“.
ВИНСЕН ЕНЕЈАМА, ХАПОЕЛ ТЕЛ АВИВ - ПРОТИВ ТЕПЛИЦЕ, САЛЦБУРГ И ЛИОН
Енејама стана познато и признато фудбалско име во Лил а претходно давал голови и за израелски Хапоел Тел Авив.
За Хапоел Енејама постигнал еден гол во групна фаза на Лига шампиони 2010/2011 против Лион. Гол претходно постигнал и во плејофот за Лига на шампиони против Салцбург а порано бил прецизен и против чешки Теплице во квалификации за Лига Европа. Сите од пенал.
Од сите три најпознат му е тој против Салцбург кога постигнал уште во 1’ минута а мечот завршил 2:3 за Лил на гости.
СИНАН БОЛАТ, СТАНДАРД - АЗ АЛКМАР
Натпреварот меѓу белгиски Стандард Лиеж и холандски АЗ Алкмар во Лига на шампиони 2009/2010 завршил 1:1. Овој меч решавал кој ќе биде трет во групата и ќе продолжи во Лига Европа. АЗ водел 0-1 но во финишот голманот Синан Болат дошол на припомош во шеснаесетникот на Холанѓаните и по центаршутот на Бенџамин Никеза го совладал Серхио Ромеро.
Овој гол значел и европска пролет и прилив на многу пари во касата на Стандард Лиеж од УЕФА.
Тренерот на Белгијците, Ласло Белени тогаш рекол: „Овој момент ќе влезе во историјата на клубот“.
ДИМИТАР ИВАНКОВ, ЛЕВСКИ ПРОТИВ ДИДЕЛАНЖ (2Х), ХАЈДУК И БРОНДБИ
Бугарскиот голман Иванков исто е на вечната листа голмани кои давале повеќе голови во еврокупови.
Бугаринот постигнал четири гола за три години: прво против Хајдук во прва рунда квалификации за Куп УЕФА, од пенал во 16’ минута.
После дал два гола против Диделанж на два натпревари, во квалификации за Лига на шампиони 2000/2001. Иванков го совладал колегата и на двата меча а Левски славел со вкупен резултат 6:0.
Четвртиот гол му бил во 1. коло од квалификации за Куп УЕФА против Брондби. Благодарение на неговиот гол Левски не изгубил.
КОИ СЕ ДРУГИ ГОЛМАНИ КОИ ИМАЛЕ ЧЕСТ ДА ДАДАТ ГОЛ ВО ЕВРОКУП?
Елои Касалс, Санта Колома - Бананц сезона 2014/2015
Андрес Палоп, Севиља - Шахтјор сезона 2006/2007
Питер Шмајхел, Манчестер Јунајтед - Ротор сезона 1995/1996
Јури Жевнов, БАТЕ - Динамо Тбилиси во сезона 2004/2005
Марко Амелија, Партизан - Ливорно сезона 2006/2007
Жилбер Бодар, Стандард Лиеж - Ријека сезона 1986/1987
Стипе Плетикоса, Хајдук - Хете сезона 2002/2003
Матиас Аспер, Мјалби - Хакен сезона 2010.
Шокантен гол на голман на Лацио во 95-та минута