Кога Игуаин даде поддршка за „Тумбе Кафе“ се знае по чија заслуга

Само неколку дена по повлекувањето на Горан Пандев, официјално збогум на фудбалот му даде и неговиот поранешен соиграч и пријател Гонзало Игуаин. Беа силен тандем, а се дружеа и по куќи.

Горан Пандев и Гонзало Игуаин играа заедно за Наполи една сезона, 2013/2014. За Аргентинецот тоа беше прва на Сан Паоло каде се пресели од Реал Мадрид, а за Македонецот последната од трите.

46 настапи - 24 гола за Гонзало, 41 настап - 8 гола за Горан. Заедно се радуваа на Купот на Италија освоен на Олимпико во Рим каде Наполитанците со двата гола на Инсиње и еден на Мертенс беа подобри од Фиорентина со 3:1.

Уште пред стартот на сезоната беа најавувани како јако дуо. „Whoscored.com" направи интересна анализа и издвои четири тандеми од Серија А од кои се очекува да ги донесат најголемите возбудувања во нападот и најмногу да ги полнат мрежите.

Базирана на сработеното од минатата сезона во првенствата каде што настапувале, порталот направи просечна ефикасност од овие играчи.

Една од најголемите победи на гости ја остварија против Лацио 2:4, кога Пандев му асистираше на Игуаин.

А потоа Игуаин нафрли во шеснаесетник, акција по која стрелаше Пандев.

Благодарение на Горан, Битолчани можеа да се пофалат со еден ваков натпис.

Инаку од тоа време позната е и оваа фотографија заедно со Стефан Ристовски.

 

Наплив на емоции на Игуаин кој по 17 години го напушта фудбалот

Интервјуто на Пандев во кое го соопштува повлекувањето

4 октомври 2022 - 13:08