Кога ѕвездата вреди половина тим

Статистиката поврзана со реализацијата на напаѓачите во однос на головите постигнати на целиот тим покажува занимливи резултати. Познатите фудбалски имиња во голем број од екипите постигнуваат речиси половина од вкупниот број на голови на целиот тим.

Секако дека најинтересна за анализа е состојбата во најсилните пет национални првенства Англија, Шпанија, Италија, Германија и Франција по првиот дел од оваа сезона. Таму во центарот на вниманието се фудбалските ѕвезди кои напаѓачката позиција се обидуваат да ја оправдаат максимално.

Тука секако дека сите очекуваме да го видиме најдобриот фудбалер на светот како предводник во сите статистики и анализи барем кога се однесува до постигнатите голови. Но сепак и покрај фантастичната реализација од 26 првенствени гола од вкупно 57 на Барселона, тој се наоѓа на шестата позиција со 45,6%.

На ваквата табела предводник е Златан Ибрахимовиќ кој од 36 постигнати гола на ПСЖ, тој има реализирано 18, односно точно 50% од вкупните погодоци на неговиот тим. И покрај голгетерската форма на еден Фалкао, Ван Перси и Роналдо, сепак изненадувачки е што втората позиција ја превзема Демба Ба кој од пред десетина дена стана нов член на Челси.

Сенегалскиот напаѓач има фантастични 48,15% од вкупниот број на постигнати голови на Њукасл, тимот за кој ги бранеше боите во првиот дел од англискиот шампионат. Третата и четвртата позиција ја превземаат исто така не толку познати имиња во светски рамки. Бундеслигашот Штутгарт има постиганот 21 гол, од кои 10 се дело на Ведад Ибишевиќ, а тоа е 47,61%. Со толкав процент на реализиција е и Аритс Адузис од Атлетик Билбао.

На петтата позиција е Радамел Фалкао со 45,94%, само малку подобар од Меси. Потоа следува Суарес со 44,12% од вкупната реализиција на Ливерпул. Од популарната Серија А Наполи треба најмногу да му се заблагодари на Кавани кој од 36 гола на тимот, тој постигна 16 (43,96%). Милан зависи најмногу од младиот Ел Шарави (14 од 34 гола на тимот или 41,17%). Одличен учинок имаат и ветераните на Удинезе и Лацио, Ди Натале и Клосе со 10 од вкупно 26 постигнати голови за нивните екипи или 38,09%.

Ваквите анализи од кои можеби ќе ве заболи глава поради големиот број на бројки и проценти, покажуваат колку екипите се зависни од нивните ѕвезди кои играат во шпицот на нападот.

13 јануари 2013 - 14:12