Каква чест - клупски економ на германски четвртолигаш заигра против Баерн Минхен

Не секој ден се пружа прилика некој да ги види големите шампионски ѕвезди на Баерн Минхен, а камоли да заигра против нив. Тоа му се случило на 50-годишниот Лукас Пецолд. И тоа од улога на полицаец во градот Бад Толц кој во клубот е од 2002-ра што како играч, што како клупски економ задолжен за опремата, дресовите, редот во соблекувалните.

Баерн Минхен одигра пријателска средба против четвртолигашот Ротах-Егерн, аматерска екипа и славеше 15-0. Најинтересен момент бил кога во игра влегол 50-годишниот.

Головите за Баварците ги дале: Александар Павловиќ два, Аријон Ибрахимовиќ два, Фелипе Чавез два, Мајкон Кардозо два, Аминдо Зеб два, Бастијан Асомо два, Жоао Палиња и Џошуа Кимих по еден.

Јунакот на приказнава влегол во игра при резултат 12-0: 

31 јули 2026 - 11:52