Нема играч што клубовите од Саудиска Арабија не можат да се обидат да го купат. Тоа стана веќе јасно. Откако ги доведоа Роналдо (Ал Наср) и Бензема (Ал Итихад), беа блиску до потписот на Меси и Модриќ.
Тоа се всушност единствените четворица играчи кои ја освоиле Златната топка од 2008-ма година наваму. На крајот Меси го избра Мајами, а Хрватот реши да остане уште сезона во Мадрид.
Тоа не им се допадна на Арапите кои се тешеа со португалската ѕвезда, кој од јануари наваму им обезбеди истакнато место на светската фудбалска мапа.
Плус имаат уште една поранешна ѕвезда од Реал, францускиот напаѓач кој ќе се офајди со 100 милиони по сезона, како и сите други шампиони кои слетаа или ќе слетаат во Ријад или Џеда.
Меѓу нив нема да биде, барем не за сега, Ромелу Лукаку кој сака по секоја цена да остане во Интер. Но други топ играчи веќе кажаа и ќе кажат да.
Ќе ги спремат куферите, ќе се појават со широка насмевка и ќе гледаат како им се полни сметката благодарение на петродоларите со кои Арапите го колонизираат секое првенство. Од Серија А до Премиер лига.
Саудиска визија 2030
PIF (Public Investment Fund) е суверен богат фонд на Саудиска Арабија предводен од принцот Мохамед бин Салман кој е сопственик на мнозинството на Ал Наср, Ал Хилал, Ал Итихад и Ал Ахли.
Првите два клуба се од Риад, а вторите од Џеда. Истиот човек ја спонзорира Саудиската Про Лига преку една од компаниите, а тоа е Рош, филијала за недвижнини, но пред сè помага да се продолжи проектот Саудиска визија 2030.
Целта на земјата е да ја намали независноста од нафтата, да ја диверзифицира економијата на Саудиска Арабија за да ја трансформира во светска сила која повеќе не е изолирана.
Тоа е причината за низата проекти не само на економско поле (повеќе простор за приватна иницијатива), туку и на социјално, со зголемување на вработеноста и кај младите и кај жените и во енергетиката со развојот на другите минерални ресурси (злато, фосфат и ураниум).
Потоа тука сè и муслиманскиот верски туризам и спортот, посебно фудбалот како други две основни „возила“ кои треба да се искористат за да се отворат кон надворешниот свет. Саудиската Про Лига веќе стана најатрактива во регионот со која веќе нема споредба со катарската.
Невес како „прво“ купување
Колку може да потроши Рош Саудиската Лига за да заземе видно место на глобалната фудбалска? Тешко е да се предвиди некоја сума. Во моментов е тешко да се помисли дека саудискиот блесок ќе биде стишен како кинескиот, прво спонзориран, а потоа урнат од Кси Џинпинг заедно со пандемијата и економската криза.
Арапската лига се движи како американската МЛС, односно создава систем. Нема поединечни клубови кои се натпреваруваат за купување играчи, туку движење кое има многу пари за вложување со ред, со нарачки „од горе“ и кое сака да расте глобално.
Јасно е дека четирите клуба во рацете на PIF имаат средства што другите иако се богати, ги немаат. Ал Наср, Ал Хилал, Ал Итихад и Ал Ахли имаат освоено 20 од последните 24 титули во лигата од 2000 година.
Принцот не ги избра по случаен избор. Инфраструктурата е или наскоро ќе биде одлична насекаде. Ал Фатех на пример, наскоро ќе отвори стадион, со соседен спортски центар и база.
По ангажманот на слободните играчи (Роналдо, Бензема и Канте), сега стратегијата е сменета и Арапите почнаа да ги носат, односно да купуваат и играчи кои се под договор.
Првиот и покрај тоа што имаше уште една година од договорот е Рубен Навас за кој Вулверхемптон доби 55 милиони евра. Првиот од серијата која расте од ден на ден. Се зборува дека ќе ги има дваесетина по сезона и тоа во следните пет години.
Невес ќе игра во Ал Хилал, кој требаше да биде клуб на Меси, а беше дом на Себастијан Џовинко од 2018-та до 2021-ва.
Премиер лигата како таргет
По Рубен Невес, шопингот на островот продолжи највеќе во Челси. Ал Хилал го доби Кулибали кој ќе заработува 30 милиони евра годишно, голманот Менди заврши го Ал Ахли, а Зиеш замина за Ал Наср каде за сега нема ништо официјално бидејќи не успеа да ги мине лекарските прегледи.
Арапските пари заиграа и на Енфилд од каде Фирмино се пресели во Ал Ахли, кој му се додворува и на Марез.
Инаку се споменува и името на Марко Верати кој е под договор со ПСЖ до 2026-та и кој можно е да заигра во Ал Хилал, а се врши притисок и за Кеси.
Никој не е недостижен за Саудиската Про Лига, па дури ни Нејмар.