Играчи од негова генерација (Гатузо е 78-ма како Буфон), знаат да речат дека инспирација им биле легенди од типот на Марадона, ама Рино е оригинален и искрен и тоа што мечтаел да стане во фудбалот му се исполни.
Затоа еден е Гатузо и каков таков ќе го паметиме. Приватно дарежлив и човек со големо срце, а на терен фудбалер кој го оставаше срцето. Воин кој бореше насекаде само да дојде до топката и кој се мотивирал од играчи од неговиот посакуван ков.
„Татко ми е тој што ме зарази со страста кон фудбалот. Како вчера да беше кога ја ставив главата во неговата торба за тренинг која мирисаше на камфорово масло, кое денес повеќе не се чувствува. Тој сонуваше да станам Ривера или Марадона, но јас уште на времето повеќе ги сакав играчите кои се к`не на терен, оние вистинските борци на средина од теренот.
Луѓе кои многу даваат од себе, помалку се незабележителни, но се незаменливи. Играчи како Лодети, Буриани, Бенети, играчи со срце од средниот ред на Милан. Мојот пример беше Салваторе Бањи. Најмногу ми се допаѓаше затоа што имаше големо срце како фудбалска топка и затоа што ја бодреше цела екипа.
Инаку фантазирав за тоа како ќе ми изгледа иднината, а исто така и јас бев од оние деца кои сонуваа да станат фудбалери. Си замислував како трчам на Сан Сиро облечен во дрес на Милан. Ми беше оддалечен километри, но доволно ми беа една топка и две конзерви за стативи за да се чувствувам како на стадион. Соништата мора да се возат, затоа што верувајте ми, тие можат да се остварат. Сакањето е моќ“.
Колку и да сака некој да не го признае како играч, сепак тој беше и стандарден италијански репрезентативец кој стана светски првак, а во Милан ги фати едни од најубавите времиња. Играше со шампиони на секоја позиција и освои 10 трофеи од кои 2 Скудета и 2 ЛШ.