Во најдобриот тим од групната фаза од Лига Д сместиле еден македонски репрезентативец, а двајца од Луксембург кој не се пласираше во плејофот. Каква им е таа логика?
Се работи за Александар Трајковски кој постигна 3 гола. Толкав број на погодоци имаат и Несторовски и Алиоски, но нив ги игнорирале, исто како и Горан Пандев кој имаше одлични настапи, како и Енис Барди кој постигна две ремек дела на последните две кола.
Важно сместиле по тројца од Грузија и Белорусија, еден од Косово, а место направиле и за Мхтаријан од Арсенал кој настапува за Ерменија, исто така елиминирана во групите.
Со оглед на играта и 15-те освоени бодови со кои Македонија заврши како втора најдобра селекцијата во Лига Д, заслуживме барем уште еден играч да има во овој состав, ако не и двајца.