Сезоната за Барселона е завршена, титулата е заверена, па резултатски ништо не им менува поразот дома од Виљареал со 2:3. Како и да е, Ламин продолжува да се забавува. Овие голчишта со продор од лево, веќе почнаа да стануваат негов белег. Пазете го податоков. Тој е прв играч сезонава во топ 5 лигите во Европа со 150 дриблинзи.