Лига на шампиони

Извлечена ждрепката - Јуве во Лондон, Реал во Париз

Уште пред да почне ждрепката, извесно беше дека ќе гледаме мега-дуели на најдобрите европски екипи во моментов.

ЈУВЕНТУС - ТОТЕНХЕМ ХОТСПУР
БАЗЕЛ - МАНЧЕСТЕР СИТИ
ПОРТО - ЛИВЕРПУЛ
СЕВИЉА - МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД
РЕАЛ МАДРИД - ПСЖ
ШАХТЈОР ДОЊЕЦК - РОМА
ЧЕЛСИ - БАРСЕЛОНА
БАЕРН МИНХЕН - БЕШИКТАШ

Манифестацијата ја водеа Педро Пинто и генералниот секретар на УЕФА, Џорџо Маркети, а ждрепката ја влечеше Чаби Алонсо шпанскиот легендарен фудбалер и еден од хероите на финалето во Истанбул 2005.

Првите натпревари се играат на 13, 14, 20 и 21 февруари а реваншите се на 6, 7, 13 и 14 март.

На 16. март (вторник) ќе се извлечат четвртфинални парови кои ќе се судрат на 3/4 април со реванши на 10/11 април. Полуфиналињата ќе се играат на 24/25 април со реванши на 1/2 мај а финалето е закажано на „Олимпискиот стадион“ во Киев за 26. мај.

Екипите кои веќе беа во исти групи не можеа да се сретнат во оваа фаза од ЛШ, а на ждрепката не можеа ниту да се вкрстат тимови од исти земји. На пример Манчестер Јунајтед не можеше да го добие Челси од вториот шешир, ниту Базел со кој играше во групата. Клубовите беа сместени во два шешири: во првиот беа победниците на групите, а во другиот второпласираните.

Како никогаш досега на ждрепката имаше дури пет англиски тимови кои се пласираа во нокаут фазата и тоа е рекорд за премиерлигашите. Групната фаза донесе рекордни повеќе од 300 гола, што не се случило во историјата на Лигата на шампионите.