Гвардиола во сабота пак ќе се држи за глава

Ако Баерн Минхен победи во сабота против Келн, ќе стане првиот клуб во историјата на Бундеслигата со 1.000 победи.

Со голот на Томас Милер во Бремен минатиот викенд, Баварците стигнаа до нов рекорд од девет победи во стартните девет кола во германското првенство.

Тие беа во серија од 12 натпревари без пораз на сите натпреварувања оваа сезона, која им ја прекина Арсенал пред два дена во Лигата на шампионите.

25 кратниот првак на Германија кој е рекордер по бројот на титули има апсолутна доминација во Бундеслигата каде ја освојува шампионската титула три сезони по ред и ги руши сите рекорди.

Оваа сезона најактуелен е Роберт Левандовски кој со петардата за 9 минути, влезе во Гинис со четири рекорди, а Пеп Гвардиола тоа достигнување го доживеа со неверување.

22 октомври 2015 - 16:11