Пољакот ќе влезе во Гинис за најбрзиот хет-трик, најбрзите 4 голови, најбрзите 5 голови, како и прв фудбалер кој постигнал 5 гола откако влегол од клупата за резерви. Овие достигнувања му успеаа против Волфсбург на 22 септември.
Веста за влегувањето на Левандовски во Гинис ја објавија од клубот од каде изјавија дека за четирите негови рекорди добиле повик од Лондон. Историскиот ден за фудбалот го коментираше и легендата на Баерн, Пол Бреитнер.
„Постојано се зборува колку пати Роберт требал да ја допре топката за да постигне гол. Во моите 13 години кариера, 8 пати ја удрив топката со глава и постигнав 2 гола. Не е лош просекот нели? Шегата на страна, статистиките и рекордите за мене не се важни“
Извонредната форма на Левандовски ја покажа и во квалификациите за ЕП, каде заврши како најдобар стрелец со 13 голови на 10 меча. Зад него е Томас Милер со 9 гола, а по 8 имаат Ибрахимовиќ и Џимба.
Потсетување на петардара остварена за 8 минути и 59 секунди.