Голман на Бирмингем се прослави против Барселона

На пријателски натпревар на „Сент Ендрјус“ во Бирмингем, домашниот тим пред преполни трибини одигра 2-2 против Барселона па славеше на пенали 4-3. Гостите дојдоа во целосно втор и трет состав без најголемите ѕвезди кои уште одмораат после Светското првенство.  22-годишниот голман на Бирмингем Џејмс Бидл беше играч на натпреварот со три чудесни одбрани во финишот од мечот и со дури 3 одбранети пенали во пенал серијата.

Интересно два гола за Барселона постигна 18-годишен Египќанец Хамза Абделкарим кој покажа зошто Барса го довела зимава од Ал-Ахли за 1,5 милиони евра.

На средбата играше и Шејн Клајверт, најмладиот син на легендарниот Патрик Клајверт роден 2007-ма година и дебитираше. А дебитираше и големото засилување на Барса од Дортмунд летово, Карим Адејеми.

1 август 2026 - 08:34