Германската полиција на маки пред финалето

Минхенската полиција ќе има огромни проблеми за да ги спречи планираните крвави тепачки помеѓу навивачите на Баерн Минхен и Челси за време на финалето од Лигата на шампиони.

Англиската полиција им ги одзеде пасошите на 80 познати хулигани за да ги спречи да патуваат во Минхен, но сепак на денот на одигрување на финалето од Лигата на шампиони се очекува во градот да пристигнат 30.000 навивачи на Челси.

Половина од нив немаат влезници и ќе останат на улиците на Минхен, па германската полиција ќе има огромни маки да ги спречи тепачките пред, за време и по натпреварот.

Според информациите на германските инспектори, неколку групи од ултрасите на Баерн Минхен планирале напади врз навивачите на Челси познати под името "Headhunters".

Локалната полиција со помош на нивните колеги од Англија ќе се обидат да ги спречат овие судири со постојан надзор на баровите, автобуските и железничките станици, како и автопатиштата.

17 мај 2012 - 15:47