Газета: Македонија вреди повеќе од 103-то место на рангот на ФИФА

Македонската фудбалска репрезентација одигра машки фудбал против четирикратниот светски првак и целосно заслужено им откина бод кој никој не го очекуваше. Медиумите силно удрија по Вентура и неговите избраници и највисоките оценки им ги дадоа на Пандев и Трајковски.

Со деганжман на Димитриевски, одличен прием на гради и додавање на Несторовски до Пандев кој го пронајде Трајковски, а овој дрско му одигра еден на еден на Буфон, триото кое настапува во Италија, а и целиот состав на Мрме покажа дека епитетот фаворит не е доволен за освојување бодови.
 
Италијанските медиуми се разбира тоа никако не можат да го простат особено за еден ваков натпревар од кој уште пред да почне го сметаа за добиен. Тие повеќе се осврнуваат критички кон својата земја, а издвојуваат и по некој пофален збор за нашата селекција.
 
Скај Спорт издвојува:
„Македонија се вметна со 3-4-3 многу солидно. Напред со триото составено од Хасани, како и двајца од Италија кои ги познаваме одлично: Пандев, најдобар стрелец во историјата на својата репрезентација и напаѓачот на Палермо, Нестровски“.

„Македонија солидна, Италија се мачеше. Најголеми проблеми имаше во создавањето игра во второто полувреме. По голот на Кјелини во 40-та минута, во вториот дел не ја контролираа топката. Премалку идеи во офанзивниот дел. Нервозата почна да им се гледа. Македонија во вториот дел имаше 5 удари од кои 2 во рамки на гол, а Италија само еден, а нула во рамки на гол“.

Газета дело Спорт:
„Македонија, која е 103-та на ранг листата на ФИФА, вреди повеќе од таа позиција. Дојде по две победи со Израел и Лихтенштајн, ремизираше со Албанија и загуби само од Шпанија, што значи не е воопшто лошо. Уште на првиот дуел во Скопје нè стави во пеколни тешкотии“.
„Ниту триото во одбрана BBC не беше она старото. Бонучи е изгубен во шума со своите сомнежи и лоши мисли“.
Спортмедиасет:
„Македонија реагираше без проблеми и уште на првата шанса беше одлична да удри по нас. Голот беше “италијански“ создаден од асистенција на Пандев (Џенова) и победничка дијагонала на Трајковски (Палермо). Највисоки оценки за овие двајца играчи“.

Тутоспорт:
„Резултат е катастрофален, тимот е бавен со недостиг на идеи и квалитет“.
Кориере дело Спорт:
„Италија и нивниот селектор го загубија компасот“.
Форцаиталианфудбал: