Фудбалско-урбанистичкиот план на Норвешка

Додека фудбалскиот тим бил на подготовки пред почетокот на сезоната, локалните власти решиле на дел од нивното игралиште да изградат улица. Не, ова не е приказна од Македонија. Вакви работи се случуваат и во Норвешка.

Фудбалерите и челниците на норвешкиот нисколигаш Кронборг биле запрепастени кога се вратиле од своте подготовки пред почетокот на новата сезона. Додека тие не биле во градот, локалните власти без да ги известат им го скратиле теренот и изградиле улица.

22 април 2013 - 13:21