Фудбалер постигна гол и почина на терен

Шведскиот фудбалер Виктор Брансторм постигна гол на натпревар од четвртата лига, а набргу потоа колабирал и починал на пат кон болница.

29-годишниот фудбалер Виктор Брансторм од шведскиот четвртолигаш Питеа почина во неделата откако колабирал на терен.

Тој постигнал гол на натпреварот против Умедален, но набргу потоа се срушил на теренот. Брансторм бил итно префрлен во болница, но тој веќе бил починат.

Брансторм во минатото настапувал во првата шведска лига за екипата на Хелсинборг, но се пензионирал во јануари заради проблеми со срцето. Пред неколку месеци тој решил повторно да почне да игра фудбал откако лекарските прегледи покажале дека тој нема здравствени проблеми.

Во април оваа година за време на натпревар од италијанската Серија Б почина фудбалерот на Ливорно, Пјермарио Моросини.

3 септември 2012 - 12:02