Фудбалер без една рака даде важен гол во Конференциска лига

Словенечки Копер испадна од Конференциска лига од Рунавик од Фарски Острови откако дома изгуби 1-3 па поради вкупен резултат 3-3 се играа пенали на кои славеа гостите 3-4. Во 70' минута од натпреварот Мариус Кригер Линд постигна важен погодок за гостите од Фарски острови кои одат во 3. квалификациско коло.

Кригер Линд станал прв фудбалер во еврокуповите после Џими Хејсти од ирски Дандалк кој исто без една рака во 1963-та година дал гол против Цирих.

31 јули 2026 - 16:25