Финале после 9 години со шеикот и вложени 3 милијарди евра

Пари Сен Жермен првпат во клупската историја се пласираше во финале на најголемиот европски турнир. Големи заслуги за тоа имаат и катарските сопственици кои долго и упорно одеа кон таа цел.

Уште во мај месец претседателот на ПСЖ, Насер ал-Хелаифи кажа дека е горд на сработената работа, но дека се на почеток од патот кој ќе биде долг.

Какви беа резултатите на ПСЖ во Лига на шампиони од доаѓањето на шеиците до сезонава:

2012/2013: 1/4 финале испаднаа од Барселона
2013/2014: 1/4 финале испаднаа од Челси
2014/2015: 1/4 финале испаднаа од Барселона
2015/2016: 1/4 финале испаднаа од Ман. Сити
2016/2017: 1/8 финале испаднаа од Барселона
2017/2018: 1/8 финале испаднаа од Реал
2018/2019: 1/8 финале испаднаа од Манчестер Јунајтед

ПРЕД ЕДНА НЕДЕЛА ВО 89' МИНУТА БЕА ПРЕД НОВО РАЗОЧАРУВАЊЕ

И натаму е тешко да се поверува, но ПСЖ едвај после пресврт буквално во последните пар минути од мечот ја скрши Аталанта - прво Нејмар, па Маркињос спречија катарските пари да отидат во вода.

КОИ ТРЕНЕРИ ПРОБАА ДА ГО ОДНЕСАТ ПСЖ ВО ФИНАЛЕ НА ЛШ?

Карло Анчелоти (2011 - 2013)

Лоран Блан (2013 - 2016)

Унаи Емери (2016 - 2018)

Томас Тухел (2018 - )

СО ТУХЕЛ ИСПАЃА ДЕКА КОНЕЧНО НАЈДОА ТРЕНЕР КОЈ ЌЕ ЈА ПОСТРОИ ЕКИПАТА А НЕ ДА ПРАВИ СОБИР НА ЅВЕЗДИ

Пари Сен Жермен сезонава играше сјајно во Лига на шампиони (изгубија бодови само на еден меч од групната фаза).

Во полуфиналето со Лајпциг конечно докажаа дека се машина која меле во Лига 1. Тотална доминација, дисциплина и изврсен фудбал. Ќе им биде тешко во финале на Баерн или Лион.

КОЛКУ ПАРИ ПОТРОШИЈА НА ТРАНСФЕРИ ОД 2011?

По доаѓањето на катарските шеици на власт во ПСЖ, клубот трошеше вака:

2011/2012: 95,8 милиони евра
2012/2013: 110,8
2013/2014: 109,4
2014/2015: 49,5
2015/2016: 114
2016/2017: 136
2017/2018: 238
2018/2019: 227
2019/2020: 95 милиони евра

Севкупно: 1,2 милијарди евра.

КОЛКУ ПАРИ ДАЛЕ НА ПЛАТИ ОД 2011-ТА?

2011: 70 милиони евра
2012: 117
2013: 220
2014: 240
2015: 255
2016: 292
2017: 272
2018: 332
2019: ???

Севкупно 2 милијарди евра.

ТОП 10 НАЈСКАПИ ТРАНСФЕРИ НА ПАТОТ ДО ФИНАЛЕТО

1. Нејмар - 222 милиони евра
2. Мбапе - 145 милиони евра
3. Кавани - 64,5 милиони евра
4. Ди Марија - 63 милиони евра
5. Давид Луиз - 49,5 милиони евра
6. Тиаго Силва - 42 милиони евра
7. Пасторе - 42 милиони евра
8. Лукас Мура 40 милиоони еввра
9. Паредес - 40 милиони евра
10. Керер - 37 милиони евра.

АЛ ХЕЛАИФИ ЈА ПРЕТСКАЖА ИДНИНАТА КОГА ГИ КУПИЈА НЕЈМАР И МБАПЕ

Додека ние се фаќавме за глава од лудите трансфери, Катарците беа уверени во себе. Во 2017-та претседателот на ПСЖ Ал Хелаифи изјави: „Нашите инвестиции се долгорочни. Сигурен сум дека за две или максимум три години секој ќе рече: 'Гледајте го ПСЖ, фантастична работа прави'. Трансфер расходите на играчи и плати а исто и приходите на клубовите брзо растат во светот на спортот - особено во спортот. Затоа сме сигурни во нашите одлуки и среќни со нив“.

Ќе им се посреќи ли во финале?