Шпанскиот тениски ас со 22 Гренд слем титули, во осминафиналното соочување загуби од Чехот Јиржи Лехечка (5-7, 4-6).
За него тоа значи крај на турнирот, но и збогување со својата публика со оглед на тоа што ја игра последната сезона во кариерата.
Организаторите на Мастерсот потсетија на четирите негови на трофеи во Мадрид, а на крајот му подарија и посебен пехар.
Рафа одржа и емотивен говор со кој ги расплака во публика.
„Моето тело и мојот живот подолго време ми праќаат сигнали. Имав среќа во животот својата страст да ја претворам во работа. Сонот ми е да играм на сите турнири на кои имав успеси. За жал, го пропуштив Монте Карло, но во Рим ја освоив титулата десет пати. Продолжувам да играм, имам неколку лични цели за следните неколку недели и сакам да видам дали можам да ги остварам.
Мадрид ми беше поважен од Грен слемовите. Емоциите од Мадрид ќе останат со мене засекогаш. Имав среќа што успеав да го претворам моето хоби во работа. Се надевам дека успеав да бидам добар пример за новите генерации. Тоа е поважно од титулите и дека предизвикав позитивни емоции. Единствено што можам да кажам е благодарам, -рече Шпанецот кој потврди дека ќе настапи во Рим.
37 годишната тениска легенда која доби поддршка од 13.000 луѓе теренот го напушти со шпалир.
Five-time champion.
— Tennis TV (@TennisTV) April 30, 2024
Won Madrid in his teens, in his 20s, and in his 30s.
Gracias por todo, @RafaelNadal 👑#MMOPEN pic.twitter.com/NrsP5rB9nO
Reliving an unforgettable night in Madrid ❤️ ❤️ ❤️@RafaelNadal #MMOPEN pic.twitter.com/AxHbO1HmRs
— Tennis TV (@TennisTV) May 1, 2024
𝟒 𝐌𝐈𝐍𝐔𝐓𝐎𝐒 𝐘 𝟗 𝐒𝐄𝐆𝐔𝐍𝐃𝐎𝐒 𝐏𝐀𝐑𝐀 𝐑𝐄𝐂𝐎𝐑𝐃𝐀𝐑
— Tenis España (@RFETenis) April 30, 2024
Así ha sido el homenaje del #MMOPEN a Rafael Nadal en el día de su despedida de Madrid
Gracias, @RafaelNadal ❤️🔥
📹 @teledeporte
pic.twitter.com/GzvbAbkQ50
They love a great defense 😉@Simeone 🤝 @RafaelNadal#MMOPEN pic.twitter.com/ztlWAy8Diq
— Tennis TV (@TennisTV) April 30, 2024