Единствениот Македонец кој дал гол на Маракана против Бразил и Пеле
На 17 декември 1968-ма, Бразил на пријателска средба ја пречекува Југославија на која репрезентативно деби има вардаровата легенда, Методија Спасовски. Ама деби од соништата со какво што не може да се пофали друг Македонец. Против Бразил, на легендарната Маракана која крцала со 150.000 гледачи, а за противник на терен го има Пеле. Како поминува?
Па не може појако. Дава гол уште во 7 минута. Мечот завршува 3:3, а меѓу стрелците е и Пеле. Самиот Мето ќе ви раскаже за тоа непроценливо искуство, а во позадина го има и голот.