„Да кажеш дека си играл на Маракана, тоа е исто како Монт Еверест, нема повеќе, тоа е“, ќе каже покоен Кирил Дојчиновски. „Не очекував дека ќе бидам стартер, но одеднаш ми го прочитаа името. Се наежив“, рече Методија Спасовски.
На 17 декември 1968-ма, Бразил на пријателска средба ја пречекува Југославија на која репрезентативно деби има вардаровата легенда, Методија Спасовски. Ама деби од соништата со какво што не може да се пофали друг Македонец. Против Бразил, на легендарната Маракана која крцала со 150.000 гледачи, а за противник на терен го има Пеле. Како поминува?