колумна

Два у кец!

„У второ полувреме г-дата репрезентативци решија дека и покрај тоа што ја претставуваат својата земја и го носат најсветиот од сите дресови, наместо да трчаат стоеа по теренот а во секој дуел влагаа како сув женски полов орган“, пишува еден од ретките Македонци кој беше сведок на срамот во Луксембург.

Пишува: Таки Бошкоски

А ете.... Полн со надеж дека некад работите мора да тргнат на добро спремив ја торбата и тргнав на пут у Луксембург. Мада знам дека се заколнав дека никад веќе нема да губам време, а уште помалце средства за таканаречената фудбалска "репрезентација" откога дојде овој дебелиов Велшанец за селектор свечено интерпретирав дека заклетвата ми важи само за ерата на г-динот Немавмесреќа Јонуз и аналогно на тоа ја прогласив за ништавна. А у ствари нели овој ги има тренирано Реал од Мадрид?? Поред таква препорака, плус без Величе Шумуликовски у репка, едноставно бев убеден дека ќе бидам сведок на почетокот на една нова, свечана, победничка ера. Успут успеав да убедам и уште еден идиот у исправноста на горенаведените факти и додека трепнеш кинисавме за Големото Кнежество.

Чудна мала земја тој Луксембург. Најголем проблем ни беше да го најдеме стадионот пошто живо пиле у градот не знаеше дека у државата уопште им се игра фудбал, а камоли дека баш таа среда нивната репрезентација ќе излезе на мегдан против 101та светска сила Македонија. На среќа налетавме на тројца дечки што изгледаа како навијачи, ги застанавме, се зачудија што сме се домкнале баш на оваа утакмица и на драго срце рекоа дека ќе не поведат до стадион. По пат едниот ни призна дека и не е голем фудбалски фан, ама од кога неговиот комшија, иначе локален кондураџија е во репрезентацијата, не пропушта ниедна домашна утакмица. И конечно стигнавме... На стадионот ние двајца плус две другарчиња од Луксембург и уште точно 783 гледачи. Незапамтен интерес за фудбал... Аха, да... И една камера и два фотографи. Кога ја видов нашата формација уште повеќе се охрабрив и се убедив себеси дека патот не беше залуден. Тодоровски и Лазевски како офанзивни бекови, замисли Шиков на штопер, а не на десен бек у линија со кубачот Грнчаров а у шпиц ни мање ни више Наумовски, Хасани, Пандев и Ибраими. Рака на срце средниот ред отсекогаш ни бил смешка ама верував дека формациската поставеност ќе ја компензира слабоста. Со ваква јуришна формација, локалните пекари, слаткари, водоинсталатери и конобари не би требало да бидат проблем нели?

И се тоа одлично функционираше 45 минути. Топките во простор на Пандев ја бушеа одбраната на противникот и кога Хасани постигна гол за Македонија сите поверувавме во една убедлива победа и добро загревање за утакмицата со Португалија во мај. Чак на полувреме имавме и мал конзилиум на кој заклучивме дека победуваме 0:3.

Али не зазивај сречо врага... У второ полувреме г-дата репрезентативци решија дека и покрај тоа што ја претставуваат својата земја и го носат најсветиот од сите дресови, фудбал не треба да играат и дека едноставно своето за денес го одработија. Наместо да трчаат стоеа по теренот а во секој дуел влагаа како сув женски полов орган. Нападот веќе не функционираше пошто Илчо Наумоски беше заузет со смислување сочни пцовки према судијата на македонски. Отворено прашање е дали дел од нив уопште се испотија. Секоја чест на Горан Пандев... Кога Девил го закопа првиот гол за Луксембург, мора да признаам дека таков луксембуршки слалом не сум видел од времето на Марк Џирардели. Се што требаше е некој да го чепне, пошто вака од око сумњам дека дечкото тежи повеќе од 60 кила, ама и тоа беше преголем залак за нашите репрезентативци.

Време е картите да се отворат. Време е да се признае колку кошта повик у репрезентација (се шпекулира за суми од 10.000 евра) и време е да се каже дали репрезентацијата ја составува Бабунски или Тошак? Во репрезентацијата беа двајца играчи кои НЕМААТ клуб, а успут беа вратени како неквалитетни од цела прва и втора Казахстанска лига. Ако некој не е доволно добар да игра во некоја си Казахстанска припиздина се прашувам како тој е доволно добар за во најдобриот македонски состав? Оној Мирко Ивановски јадниот, појма нема од фудбал. Изгубљени у свемиру. Најодговорно тврдам дека ако јас истрчав на терен ќе имав поголем учинок од него. Дечкото тренира (а не игра) со резервите на еден полски второлигаш, додека еден друг Ивановски, кој уедно е и најдобар стрелец во првата МФЛ не беше повикан во репрезентацијата... Дали тоа во ФФМ се збуниле со презимињата па ја испратиле поканата на погрешна адреса или Бабунски го подјебава Тошак па му носи секакво ѓубре да го облече репрезентативниот дрес е прашање чиј одговор копнеам да го дознаа... Дали тоа значи дека и јас би можел да заиграм (имам искуство во маалски фудбал повеќе него Ивановски во Полска втора лига), и ќе ми каже ли некој колку тоа уствари кошта... Пошто голем мерак имам....

Најголема шпекулација ќе биде и движењето на резултатот. Два у кец носи триеска коефициентче. У конкретниот случај чак и 35.Голема паричка ако правилно изиграш. Нејќам да грешам душа, ама у глава ми се врти приказната за овчарчето кое лажело дека доаѓа волкот. На 1:1 и Пандев и Деспотовски имаа огромни шанси за гол кои рака на срце беа изработени од активни акции. Не верувам, а и не изгледаше дека се игра на два у кец. Резултатот не е толку одраз на нашиот квалитет него повеќе на безобразното незалагање и индолентен однос кон репрезентативниот дрес... Ама ајде, убеди сега некого дека после Андора ова е случајност...Ден после утакмицата по социјалниве мрежи кружат муабети како наводно извесен И.Ј. од ФФМ му се јавил на син му, кој пак се јавил на некој комшија да ја игра кец. Ако е вистина, и ако утакмицата е стварно наместена тогаш некој треба дебело да одговара. По шеријатски закон со јавно каменување на плоштад.

Со последната свирка подвиткавме опашките, спуштивме главите и гитла шпринт од стадион. Да не нема. И додека уште разочарани онака на улица пцуевме седум колена уназад на секој репрезентативец поединечно од другата уличка се слушна песна. Тоа сигурно беа оние "нашине" тројца пошто беа единствени навијачи на цел стадион... Бегај, скриј се, да не не видат... И влеговме во првиот бирц.

Во сите светски земји е најголема чест да се носи репрезентативниот дрес, освен во Македонија... Кај нас тоа е најголем срам. Треба добро да размислиме како понатаму, зашто вака не иде.

Него кога беше она дочекот на фудбалерите на плоштад? Да спремам јајца и патлиџани...