
Македонија и Велс ремизираа 1:1 во 2. коло од квалификациите за СП 2026. Сè се случи во судиското продолжение.
Во 91-та минута Градски еруптираше после голот на Бојан Миовски и кога сите помислија дека ќе освоиме 3 бода, Дејвид Брукс ја замолчи публиката буквално во последните секунди од 6-та минута од судиското продолжение.
Првата минута од натпреварот наговестуваше воздбулив
и отворен фудбал со многу шанси, но тоа беше лажен сигнал.
Гостите го загрозија голот по само 30 секунди игра преку Џордан Џејмс, но Столе Димитриовски беше спремен.
Веќе во следниот напад се закани Тихомир Костадинов преку контра, но биеше покрај голот.
И толку од шансите во првото полувреме кое беше здодено за гледање. Без ниту една друга зрела прилика за гол, безидејно и со многу слаб проток на топка.
Нашите фудбалерите беа во подредена улога, а Велшаните кои добија голема поддршка од над 2.000 навивачи напаѓаа јалово.
Она што може да се одбележи како шанса од првиот дел е волејот
на Џани кој биеше над гол и карамболот пред голот на Столе, кој гостите не го искористија.
Македонија не успеа да промени многу во играта од вториот дел.
Не видовме никакви акции и пас игра. Само еден удар во рамки на гол, наспроти пет на гостите.
Велс повторно имаше од поседот на топка, а ја имаше и најзрелата шанса на мечот во 71 минута, која Висар Муслиу ја улови на самата гол линија.
По првите две кола од новиот квалификациски циклус за СП 2026, Македонија има 4 бода.