„Милионерите“ победија во вторникот против Сент Паули во купот 0:3 и после два месеци, Клоп дојде поведар на средба со новинарите. Харизматичниот тренер е единствен по тоа што колку повеќе порази има, популарноста повеќе му расте.
Доказ за тоа е случката со жената која работи како келнерка во клупските простории на Сент Паули, која влезе на пресот и му изрецитира љубовна песна на Клоп.
„Шест прекрасни години нема да ги уништат шесте слаби резултати“, му пееа навивачите на Дортмунд на Клоп, кој и покрај очајните настапи на екипата во првенството, уште има доверба кај управата и на трибините.
„Мора да сме во тешко срање штом публиката почна и јавно да нè поддржува насекаде. Ако не е така, кога е свадбата?“, праша Клоп на пресот и се пожали што Баерн Минхен му го ослабнал тимот со купувањето на Геце и Левандовски.
Парадокс е што Дортмунд во Лигата на шампионите, од 3 натпревари има 9 бода, а во Германија од 9 средби собраа само 7 поени и имаат 4 порази по ред. Во ЛШ, Дортмунд постигна 9 гола а не прими ниту еден, а во Бундес лигата дадоа 10 а примија 15 гола на 9 средби.
Успешен пресврт на минатата сезона, Дортмунд и Клоп имаа против Баерн кога во април го победија Баерн во Минхен. Во сабота, избраниците на Клоп ќе имаат прилика токму против Баварците да ја извадата сезоната во домашното првенство и да почнат да освојуваат бодови.