Влегувал од клупата за резерви, одиграл 125 минути од 540 можни и собрал шест поени (1 гол и 5 асистенции).
Во просек Санчо има успешна акција на теренот на секои 20 минути а во Европа нема ниту еден играч во моментов со така висока ефикасност. Санчо има 5 асистенции а зад него се Бенжамин Менди од Сити со 4 асистенции за 360 одиграни минути, Хони Родригез од Алавес со 4 асистенции за 526 минути, Лео Меси со 4 асистенции за 575 одиграни минути, Дмитри Паје од Марсеј со 4 асистенции за 605 минути, Танги Ндомбеле од Лион со 4 асистенции за 621 минути и Кристијано Роналдо со исто толку асистенции за 630 минути.
„Кога Џејдон влегува од клупата за резерви, ние во рацете имаме силно оружје. Дури и противникот знае за тоа. Кога тој фаќа залет, невозможно е да го стигнете. Кога имав 18 години не бев толку добар“, вели за него Марко Ројс.
Победничкиот гол на капитенот Ројс против Фурт во 120-минутниот натпревар со продолженија во Купот му го наместил токму Санчо. Против Нирнберг во првенството Џејдон влезе од клупата во 75’ минута и до крајот постигна гол и имаше асистенција.
Во последното коло Англичанецот доби 20 минути за да го спаси Дортмунд од пораз (2:1) против Баер Леверкузен и успеа: две асистенции за гол во триумфот од 2:4.
Поранешниот селектор на кадетската репрезентација на Англија Ден Микиче го знае Џејдон уште кога малиот имал 9 години и не сомневал дека сезонава ќе биде голема за 18-годишното крило:
„На мал простор тој може да дрибне неколку противнички фудбалери и тоа да изгледа убаво, а во исто време не заборава за ефективноста. Џеј импровизира одлично. Луѓето мислат дека тие нешта се учат во фудбалските школи но не е така. Бесмислено беше да го учиш Џејдон дриблинзи и финти. Тој имал техника уште кога играл со другарите на улица“.
Омилен фудбалер на Џејдон е Бразилецот Роналдињо. Кога овој ас постигна еврогол од слободен во 2002 против Англија, Џејдон тогаш учел да оди а за златниот период на Роналдињо (2002-2006) гледал на Јутјуб.
Во Дортмунд Џејдон Санчо дојде пред една година. Тој е најсвеж пример за англиски талент во Бундеслигата (во последно време одат често во Германија). Причината е - патот од младинци до прв тим е пократок и полесен.
Минатата година репрезентацијата на Германија го освои младинското Европско првенство откако ја совлада Англија во полуфиналето. Репрезентативците на Германија У-21 од тој турнир одиграле повеќе од 1.000 минути во Бундеслигата а Англичаните само 200 минути во Премиер.
За првиот тим на Менхенгладбах веќе играа Рис Оксфорд и европскиот шампион У-17 Мандела Егбо. Генералниот менаџер на Гладбах Макс Еберл годинава потпишал уште еден талентиран Англичанец - Кинан Бенетс. Дебито на овој 18-годишен талент од школата на Тотенхем се очекува во секое следно коло.
Адемола Лукман одигра супер полусезона на позајмица во Лајпциг - 11 меча (5 гола + 4 асистенции).
Ракам Лемт едно време играше за Фрајбург (6 меча во првиот тим) а да отиде таму го советувал Јирген Клоп.
Волфсбург исто имаше талентиран Англичанец. Перспективата на Арсенал Кајлен Хајндс на полусезона заминал назад во Лондон, не се појавил 2 недели, пропуштил неколку тренинзи и и кажал на управата дека наводно го изгубил пасошот. Со него го раскинале договорот но дури и во таква положба тој добил шанса да заигра за прв тим.
Талентот на Дортмунд го убедил и својот најдобар другар Рис Нелсон да прејде во Германија. Нелсон прифатил и веќе дава голови за Хофенхајм, а Џејдон редовно кога може го гледа од трибините.
„Ти најдобро ќе се спознаеш себеси кога со тебе не се ни мама, ни тато ни браќа ни роднини. Процесот на созревање има неколку фази. Ти постојано си сконцентриран на фудбал, мислите не ти бегаат ни секунда. За фудбалер е важно да се бори со стресот. Животот во друга земја е идеален тренинг за борбата против стресот. Неодамна го дадов првото интервју на германски. Едвај преживеав, но се помина добро“, вели Мандела Егбоо кој на 17 години се преселил во Германија.
На Џејдон Санчо во мај 2017-та му нуделе да потпише професионален договор со Манчестер Сити. Гвардиола дури и се заложил малиот да зема поголема плата но Џејдон не верувал дека ќе добие шанса да игра а клубот во меѓувреме водел преговори за нов играч на неговата позиција (Алексис Санчез).
За разлика од тоа Дортмунд му го дал бројот 7 кој го носеше вундеркиндот кој за 105 милиони евра замина во Барселона.
„Екипата која не умее да контранапаѓа никогаш нема да биде голема“, вели тренерот на Борусија Лусијан Фавр во чиј стил на игра Санчо идеално се вклопува.
Санчо вели дека не сака вечно да биде на клупата за резерви но дека сфаќа колку е од корист за екипата кога влегува како адут. После шест кола Борусија Дортмунд е прва на табелата во Бундеслигата.