Минатата сезона Динамо Загреб го заврши настапот во групната фаза со пораз од 1:7 од Лион и стана најслабиот тим кој некогаш настапувал во Лигата на шампиони со 0 поени и гол разлика од -19.
Само што започна новата сезона, тие срушија уште еден негативен рекорд на Лигата на шампиони. За синоќешниот натпревар против Порто немаше ниту 5.000 заинтересирани гледачи на Максимир. Поточно само 4.683 луѓе го проследија натпреварот на Динамо Загреб против поранешниот европски шампиони.
Интересно е што управата на Динамо Загреб се обиде да ја излаже јавноста на ден пред натпреварот и нивните челници изјавуваа дека имаат продадено 12.000 влезници.
Поранешниот рекорд за најслаба посетеност го држеше БАТЕ Борисов против Барселона со 5.013 гледачи.