Зимата во сезоната 1962/1963 во Велика Британија ја нарекле „големиот мраз“: температурата ретко се качувала над нулата, снежна вијулица ги отсекла далеководите а наносот снег од три метри го блокирал пристапот до магистралите и железничките станици.
Темза таа зима замрзнала толку силно што во реонот Оксфорд на мраз можело да се пројде со автомобил а граѓаните се лизгале на мраз на реката. Таа зима била најстудена во Англија уште од далечната 1895 година!
Метеоролозите го преполовиле спортскиот календар - се играле фудбалски и рагби мечеви, а откажани биле сите други спортови.
Норвич се обидел да го стопи снегот на „Кероу Роуд“ со фрлање огномети, но водата од стопениот снег замрзнала. Ниту Халифакс Таун не успеал да го спаси теренот па го преиначиле игралиштето во лизгалиште.
Традицијата да се игра на следниот ден после Божиќ во Британија датира уште од 1860 година и е позната како Boxing Day. Првпат после Божиќ играле најстарите клубови на светот - Шефилд и Халам. Во составот на Шефилд имало пар играчи помалку, но како постар клуб издржал и победил 2:0.
После Божиќ Англичаните ги полнат кутиите со божиќни подароци па оттука и називот Boxing Day. Во дамнешни времиња аристократите им давале подароци на работниците а самите оделе на лов или гледале трки на големите хиподроми. А за работничката класа народна забава после напорната работа биле фудбалот и рагбито. Од 1957 година Boxing Day станал норма за сите англиски лиги.
На 26. декември 1963 година фудбалерите како да биле уште под „гас“ од претходната вечер и во најдобрата англиска лига паднале 66 гола на 10 меча! Во сите четири дивизии паднале 160 голови, седум играчи постигнале хет-трик а четворица добиле црвен картон.
***
Ипсвич никогаш нема да го заборави гостувањето кај Лондон кога изгубиле 10-1.
Само 18 месеци претходно Ипсвич станал шампион на Англија, но во летото 1963-та година главниот творец на шампионското славје Алф Ремзи го викнале да работи со репрезентацијата. Под раководство на новиот тренер Џеки Милберн „пауните“ од Ипсвич до Божиќ освоиле само 9 бода.
Четири гола во мрежата на Ипсвич дал Шкотланѓанецот Грем Легат. Напаѓачот ја завршил кариерата а потоа станал прв глас на локалниот фудбал во телевизиските преноси.
When Fulham thrashed Ipswich 10-1. Our sports team looks back to 1963 http://t.co/Ovtb0lOI4w pic.twitter.com/8byfvVkAAk
— Kim Chapman (@kimchapmannews) August 7, 2014
Еден од играчите на тој меч, Боби Хауфилд кој на тој меч постигнал хет-трик подоцна успешно се преквалификувал и станал играч во американскиот фудбал - во тоа му помогнало што шутирал еднакво со обете нозе. Хауфилд играл кикер за Денвер Бронкос и Њујорк Џетс а по завршувањето на кариерата работел како агент во една банка во Денвер.
Еден од десетте гола ги дал и Боби Робсон - еден од највеселите луѓе на британскиот фудбал, познат тренер и човек кој го открил талентот на Мурињо.
***
Битлсоманијата веќе ја опфатило земјата а Ливерпул бил најголема сила на англискиот фудбал.
Центарфорот Ајан Ст. Џон ја објаснил тајната на триумфот над Стоук Сити од 6-1: „Били Шенкли не сакаше да слушне за пиење. Никој немаше право и дозвола да се напие за празниците. Тој велеше: ’Вашиот Божиќ е на лето, тогаш будалете се колку сакате“.
Со трезвена глава идниот Светски шампион со Англија Роџер Хант забил четири гола против Стоук а таа сезона Ливерпул станал шампион првпат од далечната 1947 година.
***
Дента на овој Boxing Day Блекбурн бил лидер и им го загорчиле празникот на навивачите на Вест Хем со дебакл во Лондон 2:8 на стариот добар „Аптон Парк“.
По обилниот дожд теренот на Вест Хем бил како пуднг. Фред Пикеринг и Енди Макевој направиле хет-трик а уште по еден гол дале Мајк Фергусон и Брајан Даглас. Даглас целата кариера ја минал во Блекбурн: 438 меча во првенството и 100 гола. Тој почнал да игра во школото Свети Вартоломеј.
На 17 години Даглас стигнал до првиот тим: „Освен тренинзите со првата и втората екипа, младите играчи им ги чистеа копачките на првотимците и ја средуваа соблекувалната“, се сеќава Брајан. По крајот на кариерата работел во фабрика за производство на хартија.
„Сè што правеше Вест Хем беше апсурдно. Сè што правеше Блекбурн беше хладнокрвно и правилно“, напишал во извештајот за тој меч фудбалскиот репортер на The Guardian Алберт Бархем.
***
Вест Бромвич ремизирал со Тотенхем 4:4 и покрај конфликтот во соблекувалната каде на два дена до Божиќ фудбалерите објавиле штрајк. Тренерот Џими Хејган барал играчите да тренираат по шорцеви на мраз. Жените на играчите биле незадоволни од таквиот неоправдан ризик.
Интересно Хејфан на почетокот на ’70-те години работел со Еузебио во Бенфика а потоа тренирал и други португалски клубови. Во топлата Португалија со шорцеви на зима било многу полесно.
***
Играта на 18-годишниот Шкотланѓанец Вили Морган толку многу го воодушевила локалниот репортер што напишал: „Јас не сум видел подобар играч, особено во таква нежна возраст“.
Благодарение на организираната и компактна игра Барнли со 6-1 го прегазил освојувачот на Купот на Англија Манчестер Јунајтед, а Морган тогаш го постигнал првиот гол во дресот на Барнли. Во летото 196. година преминал во Манчестер Јунајтед за рекордна сума од 117.000 фунти!
За седум сезони на „Олд Трафорд“ Вили одиграл 296 меча и постигнал 34 гола. Се прославил со хируршки точните центаршути од десно крило и ја приморал групата Tristar Airbus да ја напише песната „Вили Морган на крилата“.