Де Лихт и не е баш Кјелини - 57% од примените голови на Јуве се негови

Кога на крајот од август Џорџо Кјелини ја доживеа можеби најтешката повреда за спортист, скинати лигаменти, во Јувентус очекуваа проблеми, но не го предвидеа опсегот. Противниците на „Старата дама“ открија слаба точка која им проработува дури и кога се бранат против бјанконерите.

Како се користи најдобро покажа Болоња минатиов викенд. Тимот предводен од Синиша Михајловиќ губеше 2-1 и имаше последен напад во судиско продолжение. Тргнаа од десна страна, крилото центрираше а Де Лихт толку несмасно изреагира и ја удри со рака што едвај не ѝ поклони пенал на Болоња. А пенал имаше очигледен.

НЕМА НАТПРЕВАР, А ХОЛАНДСКИОТ СТОПЕР ДА НЕ НАПРАВИ КИКС

Грешките на Де Лихт директно не влијаеле на загубени бодови на Јувентус, но ова не е никаков плус особено ако се знае дека поради негова вина Јуве примил 4 од 7 гола во Серија А. И сите во Италија знаат дека најлесно да стигнеш до голот на Јуве е преку зоната на Матајс де Лихт.

Како на пример со Интер кога несмасно реагираше во елементарна ситуација и направи пенал

А летово на Интернационалниот Куп, на пријателска со Интер Де Лихт си даде автогол. Несмасно реагираше и против Наполи кога три пати му избега неговиот играч и за 15 минути Неаполците од 3:0 се вратија на неверојатни 3:3.

„Стрпете се. Де Лихт е млад и дојден е од совршено подруга лига. Дури и Кулибали, кој е феномен, се мачеше во првите два-три месеци. Притоа Матајс не владее со италијански јазик, тоа ги прави уште потешки работите. Но тој е класен стопер и постепено ќе се адаптира во Серија А, во Јувентус. И моја должност е да го заштитам“, изјави тренерот Сари.

Де Лихт во Холандија беше монструм во одбраната, но во Италија добива само 44% од дуелите - далеку помалку од Бонучи, Ругани и Демирал. Процентот на успешно добиени воздушни дуели од 65 во Холандија му паднал на 46 во Серија А.

На детето на Ајакс му е тешко и поради системот на Сари.

Маурицио поставува нетипичен одбранбен модел во кој Матејс не успева да најде права позиција, често прави простор за противнички пас и слепа зона зад грбот.

Неодамна Daily Mail пишувал дека Маурицио Сари по пола саат во денот работи со Де Лихт на исправање на недостатоците.

„Де Лихт кажа дека уште му треба адаптација на играта и одбраната на Јувентус. За успех во Холандија е доволно физичка снага, но во Италија многу е важна позиционата игра“, изјави селекторот на Холандија Роналд Куман пред неколку недели.

Покрај тоа, Де Лихт во Ајакс командуваше со одбраната и со партнерите под свое движење, а сега во Јуве не ги синхронизира дејствијата и проблем му е јазичната бариера.

Работите кои Матајс го направија крал на одбраната во Холандија, во Италија не функционираат. Башка што во Серија А има многу покласни центарфори кои знаат да избегаат во слободна зона.

МОЖНО Е ДА ИМА И ПРОБЛЕМ СО ТЕЖИНА И ИГРАЊЕ ПОД ПРИТИСОК

На мечот со Северна Ирска, Де Лихт направи две грешки во еден напад. Британската селекција ја заврши акцијата со гол, а Матајс покажа дека не греши само во Јувентус.

Во целиот малер на Де Лихт, има и една општа црта - незграпноста.

Тој е многу некоординиран во некои движења и често се случува неспретно да реагира. Велат дека тоа е поради тоа што се здебелил. Во Јувентус за сега ваквите шпекулации отворено ги негираа, иако во Ајакс викнале диетолог за Де Лихт, кого во академијата во Амстердам го викале Дики (дебел мачор - херој во холандската детска литерататура).

Но некои стручњаци тврдат дека е можно Де Лихт да не знае да се носи и да ја оформи новата маса која што ја добил во Јувентус.

„Го памтам Де Лихт од Ајакс, сега изгледа каде каде помоќен. Не знам како, ама веројатно е дело на вежбање според тренинг програма. Играч со таква маса секогаш може да има проблем“, изјави поранешниот тренер на Бреша Луиџи Кањи.

 Руд Гулит, пак, смета дека работата е во перфекционизмот на неговиот клуб: „Вие таму мора да победувате секогаш и во сите натпреварувања - така е во Јувентус. Таму секогаш притисокот е на максимум. Матејс треба да прифати критика и да си ја врати самодовербата. За репрезентацијата исто така направи киксови на дебито, па потоа се исправи“.

Јувентус, барем додека Кјелини не се врати, го поддржува Де Лихт. Ризикува, прима голови но го поддржува, со цел да го истрпи слабиот период на холандскиот стопер.

А самиот Матејс, пред повредата на капитенот Кјелини се пожали дека не игра доволно и дека му смета седењето на клупа. Довербата која ја доби од Сари, барем за сега не ја оправда.

А има и навивачи на Јувентус кои тврдат спротивно и во прилог на нивното тврдење аргументираат вака: