
Сторителите кои влегле во „Трафорд" тренинг центарот за сега се непознати, а според пишувањата на Goal.com клубот не пријавил во полиција и одлучил да спроведе интерна истрага.
Топките кои биле украдени вредат помеѓу 3 илјади и 3500 фунти и се од марката „Најк Максим", а според гласините тие можно е веќе да завршиле во рацете на купувачи кои се колекционери на топки.
Инаку нејасно е како крадците успеале да влезат во тренинг кампот на Манчестер, затоа што комплексот каде што тренираат фудбалерите на Фергусон е заштитен со ограда висока 2,5 метри која ги заштитува од новинарите и фоторепортерите.
Ова не е прв пат некој да изврши грабеж во спортските кампони во Англија. Во септември минатата година фудбалерите на Челси останаа без своите телефони, новчаници и часовници кои им беа украдени од соблекувалната.