Разочаран од изданието против Белгија, Роберто Манчини смени дури 8 првотимци во 2. коло од Лига на нации, а тоа му донесе голема гостинска победа против Турција од 1:4.
Во формација со тројца напаѓачи, италијанскиот селектор од првата минута ги стави Распадори, Себастијано Еспозито и Франческо Пио Еспозито.
Тоа е момент за историја во италијанскиот репрезентативен фудбал, затоа што дури после 111 години се случува двајца браќа да бидат стартери за Италија и вкупно ова е само четврти братски тандем.

Последните браќа што одиграле заеднички натпревар за Аѕурите се Филипо и Симоне Инзаги. Тоа се случи на пријателски дуел против Англија (1:0), одигран на 15 ноември 2000 година. Оттогаш помина четвртина век.
На стадионот Деле Алпи во Торино, благодарение на селекторот Џовани Трапатони, тие го делеа теренот од 61-вата минута (кога Симоне влезе во игра на местото на Делвекио) до 72-рата минута (кога Филипо беше заменет со Дел Пјеро). 11 незаборавни минути за нивното семејство.

Другите два пара, но како стартери се Џузепе и Феличе Милано, двајцата играчи на Про Верчели, кои заедно настапиле за Италија трипати во периодот меѓу 1912 и 1913 година.
Како и Алдо и Луиџи Чевенни, кои играле заедно на 31 јануари 1915 година, во победата од 3-1 над Швајцарија, а и двајцата постигнале гол.
Инаку Себастијано (24) и Франческо (21) заедно се калени во Бреша и Интер. Постариот напаѓач настапува за Сасуоло, а помладиот за Интер.
It will never be just football 🫂#TURITA #Azzurri #VivoAzzurro pic.twitter.com/hmQKOy7Qg0
— Italy ⭐️⭐️⭐️⭐️ (@Azzurri_En) September 28, 2026