Барселона ја преброди Прага, Дрис Мертенс го надмина Марадона

Меси го начна и 33-от различен клуб во ЛШ и се израмни со Роналдо и Раул на оваа листа. Халанд стана првиот играч во историјата на ЛШ кој дал 6 гола на првите 3 меча во ЛШ. Елмас доби 10 минути во триумфот на Наполи.

Лига на шампиони, групна фаза трето коло, резултати:

Група Е

ГЕНК - ЛИВЕРПУЛ 1:4 (0:1)
/Одеј 88' - Окслејд-Чембрлејн 2', 57', Мане 77', Салах 87'/

САЛЦБУРГ - НАПОЛИ 2:3 (1:1)
/Халанд пен. 40', 72' - Мертенс 17', 64', Инсиње 73'/

Дрис Мертенс го постигна 116-от гол во дресот на Наполи и го престигна легендарниот Диего Марадона. Сега го брка Хамшик кој е најдобар стрелец во историјата на Наполи со 121. На овој луд меч, младиот вундеркинд од Норвешка, Ерлинг Халанд стана најмладиот играч во ЛШ кој постигнал шест гола на првите 3 меча.

Група Ф

ИНТЕР - БОРУСИЈА ДОРТМУНД 2:0 (1:0)
/Лаутаро Мартинез 22', Кандрева 89'/

СЛАВИЈА ПРАГА - БАРСЕЛОНА 1:2 (0:1)
/Борил 50' - Меси 3', Олајинка 57' а.г./

Група Г

ЛАЈПЦИГ - ЗЕНИТ 2:1 (0:1)
/Лајмер 49', Сабицер 59' - Ракицки 25'/

БЕНФИКА - ЛИОН 2:1 (1:0)
/Силва 4', Пици 86' - Депај 70'/

Група Х

АЈАКС - ЧЕЛСИ 0:1 (0:0)
/Батшуаји 85'/

ЛИЛ - ВАЛЕНСИЈА 1:1 (0:0)
/Иконе 90+5' - Черишев 63'/