Барса топ не ја бие, го сочуваа патот кон новиот рекорд

Реал Сосиедад на времето не изгубил 38 меча во Ла Лига: 6 во сезоната 1978/1979 и дури 32 меча во сезоната 1979/1980 кога забележал 20 победи и 16 нерешени. Страшната серија им завршила на „Рамон Санчез Писхуан“. На 11 мај 1980 година Севиља го победила Сосиедад со 2-1.

Синоќа Севиља можеше да направи нов подвиг и да ја задржи Барселона на бројката од 36 натпревари без пораз но ниту 2-0 ниту 2-1 им беа доволни за големиот Меси и големата Барселона. Лионел синоќа го одигра 750. официјален меч во кариерата.

Севиља е клуб против кој Меси дал најмногу голови во својата кариера - дури 30. На второ место е Атлетико Мадрид чија мрежа ја погаѓал 28 пати.

Хајлајтс и головите од мечот: