Мобилизацијата во ПСЖ е на многу високо ниво во пресрет на последните неколку кола во француското првенство каде тие во моментов имаат водство од 9 поени, па пред гостувањето кај Троа, натпревар кој ПСЖ викендов го доби со 0:1, челниците на клубот испратија посебни барања до домаќините.
Од нив побараа да не ги деконцентрираат фудбалерите и да ги држат жените подалеку од нивните играчи. Дури и храната треба да им биде сервирана од две машки лица.
А посебни барања имаат и за храната. Таа мора да биде подготвена од биопродукти, свежи морски плодови и јајца од кокошки одгледани на чист воздух, а месото мора да биде телешко или пилешко.