Клипот се вика „Расел Бренд за интервјуто на Меган и Хари“, и еве веднаш спојлер: Нема задоволителни намигнувања на тема дали е лажно или не, ама има детален осврт на културолошкото присуство на кралското семејство.
Во последно време, многу често се случува ужасен маж на филм го игра сакан актер од популарна серија. Сем Ричардсон, симпатичен лик од Veep глуми језив мизогин тип. Сет Коен од O.C. глуми дечко со подмукла намера да искористи онесвестена девојка. Макс Гринфилд игра лик што уништил нечиј живот. За вакви работи, гледаме во правец на итри директори на кастинг.
Теоретски, слободни сме да избереме каков човек ќе засакаме. Никој не нѐ форсира по ова прашање, но реалноста е дека изборот ни е толку слободен колку што ни се чини. Има многу реални ограничувања во однос на тоа кого ќе сакаме и кој ќе ни биде привлечен, и тоа доаѓа од едно место: детството.
Уште од деца нѐ учат на „златни правила“, од типот: Секогаш биди учтив, или искреноста е најдобра опција, што пак ни го бои светот во црно-бело и оставени сме сами на себе да се соочиме дека постојат нијанси.
Видео-есеј за една појава во повеќе медиуми (филмови, книги, стрипови, слично), вкоренета во родови прашања - родена вчера, ама секси, или, како што се одлучува да ја нарече авторот на есејот - Born Sexy Yesterday.
Историјата е полна со идиотски примери на гњавење жени зад маска на традиција, религија и чистота. Погледнете како иднината на Римската империја зависела од неколку жени и дали ќе си фатат дечко.
За Џордан - или Памела Рук - Џон Севиџ во својата панк историја има кажано дека „изгледала толку фрапантно, што секогаш кога ќе излезела низ врата се ставала на ризик“.
Со животна приказна чии детали веројатно често се повторуваат кај уметнички парови, авторката, танчерка и писателка Зелда Фицџералд не ја знаеме колку нејзиниот сопруг, само затоа што ја држел на страна, во сенка и инсистирал да има предност тој да црпи од деталите на нивниот живот наместо таа. И исцрпил богами. И од нејзе и од нејзините дневници и од нејзиниот дух.
Посебни деца го читаат Нил Гејман, и филмовите правени според негови книги се исто за посебни деца. Со оглед на тоа колку језивштини, духови, вадење очи и шиење копчиња наместо нив има во приказната, просто е чудо како „Коралајн“ проаѓа како детски филм - што во ниеден случај не значи дека не треба да им се пушта на деца - напротив.
Иако сѐ уште стоиме зад тоа дека серијата е таман за одмарање, светот не престанува да паѓа во трансови за тоа колку е. многу. лоша. серијата. Океј, сфативме. Да, ќе гледаме втора сезона.