Не Гвинет, не така со СПФ

Гвинет Палтроу во моментов е трендинг затоа што има поприлично глупа рутина за нанесување на производ за заштита од штетните сончеви зраци.

Откако научивме дека од ненормално голема важност (во контекст на нега) е да се става СПФ на лице и да се гледа сите производи да нудат заштита од сонце, Гвинет Палтроу дојде и со целата своја акумулирана грешност во поглед на негата за лице и тело - промаши.

Во едно видео ги води следачите низ нејзината утринска рутина, почнувајќи со протеински смудиња, па се фрла на режим за нега, каде што користи многу Гуп производи, се разбира. После ексфолијацијата и кремата, се префрла на она што Вог ќе го нарече „изненадувачки минимална доза на заштита од сонце“ - деликатно го тапнува на нос и високо над образите како да е хајлајтер.

„Не се бањам во заштитен фактор од глава до пети, ама сакам да ставам малку на носот и на делови каде што навистина пече сонцето,“ вели таа, па додава уште малку крема над факторот.

Дерматолози се побунија, народ научен дека МОРА СПФ урлаше по социјални мрежи, главно со зборовите „СПФ НЕ Е ХАЈЛАЈТЕР“.

Козметичарката на славни личности, Рене Руло кажа дека начинот на кој го употребува е „комплетно неефикасен“ и „бескорисен“, и уште куп луѓе го нарекоа „страшно“ и „загрижувачко“.

Би било фино кога луѓето од старт би знаеле дека кога се работи за козметика, нега и заштита на кожа, па и здравје - никако, ама никако не смее да се слуша Гвинет Палтроу.

Сепак, атер за тие што уште ѝ веруваат, секоја минута излегува нова, згрозена изјава.

Додатен проблем е и терминологијата што ја употребува - „чиста“ и „нетоксична“ убавина. Палтроу вика дека користи „чист, минерален производ за заштита од сонце“, затоа што „има многу тешки хемикалии во конвенционалните, па ги избегнува“. Доктори на ова кажуваат дека не биле свесни дека постои „чист производ“, и се лутат што личност со толкаво влијание така безпоштедно треска глупости.


Види и:

Гвинет Палтроу и ботоксот

Дали повисока бројка на заштитен фактор значи подобра заштита од сонце?
 

1 април 2021 - 14:12