Дали повисока бројка на заштитен фактор значи подобра заштита од сонце?

Без разлика што ние сме разбрале - луѓето со потемна кожа треба да ставаат средства за заштита од сонце и влакната не растат подебели кога ќе ги избричиш. А уште поважна вистина е дека заштитата од сонце е неверојатно важен дел од негата на кожа и важно е да се нанесува не само на плажа туку секојдневно - дури и кога не излегуваме.

Најчесто, одредена доза на СПФ може да се најде во ББ креми, пудри, спрејови за фиксирање и шминка во прав, но секако дека е најконцентриран во кремите што ги користиме на плажа. Без тоа, ризикуваме да ја изложиме кожата на оштетување, прерано стареење, хиперпигментација, брчки и уште понепријатни работи.

Сепак, колку СПФ е потребно? Интуицијата кажува дека колку е поголема бројката на пакувањето толку е поголема заштитата, но не мора да значи дека е баш така. Овде ќе ги расчистиме дилемите околу бројките и што тие значат, со помош на Јаху и дерматолог.

Што значи СПФ?

СПФ е „sun protection factor“, фактор за заштита од сонце. Мери колку производот заштитува од ултравиолетовите зраци.

Од што штити?

СПФ во основа е мерка на способноста на средството да ти ја заштити кожата од УВА и УВБ зраци. Овие се двата типа на ултравиолетови зраци што можат да ја оштетат ДНК во клетките на кожата и да доведат до рак на кожа, па кога барате добро млеко (крема, масло), треба да се осигурате дека производот ќе ве заштити и од двата типа.

Според Skin Cancer Foundation:

  • УВБ предизвикуваат изгореници и играат клучна улога во развојот на рак на кожа. Бројот на СПФ во производот се однесува главно на количината на заштита што ја обезбедува од УВБ.
  • УВА предизвикуваат оштетување на кожата кое води до потемнување, како и стареење на кожата и брчки. Најкратките бранови на УВА зраците предизвикуваат и изгореници.

Што значи бројката?

Според Skin Cancer Foundation, „бројот кажува колку долго ќе му треба на зрачењето да ја зацрвени кожата кога производот се користи според упатството, наспроти тоа за колку време ќе дојде до црвенило без заштита.“

Што значи:

Ако на незаштитената кожа ѝ треба една минута да почне да црвенее на сонце, млеко со СПФ 15 го спречува зацрвенувањето за 15 пати подолго од тоа. Значи бројот на минутите потребни за појава на црвенило помножени со бројката на СПФ ви дава теоретски број на минути што треба да поминат пред да поцрвени кожата. Затоа и е важно да се користи средство со минимум СПФ 30.

Според дерматолозите, повисоките бројки штитат повеќе, но ниедно средство не штити 100 проценти. СПФ 30 блокира околу 97 проценти од УВБ зраците.

И конечно, што ако ставаш СПФ 1000.000?

Ефикасноста на средството, колку и да е висока заштитата, зависи од тоа колку добро и колку често ќе го нанесуваш. Така што, ако ставате СПФ 50 или 100, не значи дека можете да го поминете цел ден без одново да се намачкате.

Најбитно, кога бирате производ:

  • Да има широк спектар на заштита (значи, и УВА и УВБ зраци)
  • Да биде над СПФ 30
  • Да биде отпорен на вода

И запаметете: Дури и да не сте на плажа. Дури и да сте дома. Распрашајте се по аптеки, не зборуваме само за млеко за сончање, туку за цели линии за нега на лице што содржат хидратантни креми со 50-ка заштита.

Мора.

А за плажа: паметно ви е да додадете и очила за сонце што штитат од УВ зраци и шешир со широк обод.

Нели, ако баш морате плажа.

7 јули 2020 - 00:49