Според трејлерот, ќе истражува методи што „ви е страв да ги пробате, или се претерани.”
Идеите се „лечење со енергија” (една на трејлерот тоа го вика егзорцизам), психотропни дроги (што друга го вика еквивалент на години терапија за пет часа), терапија со ладно, медиуми и видовњаци и уште.
Сè е ова очекувано за овој бренд - Гуп го критикуваа и го тужеа за промовирање опасни велнес производи и идеи. На пример, предлагаа да се носи јајце од жад во вагината, да се носат стикери за балансирање на енергијата, да се земаат суплементи со јод, иако повеќето луѓе немаат таков недостаток и да се пие козјо млеко за отстранување потенцијални паразити - сè во име на здравјето. Тврдењата не им се ни научно издржани, па мораат кај стигнат да лепат дисклејмери, а стручњаци постојано им ги раскринкуваат советите на сајтот.
Ама - не е само Гуп крив.
На Нетфликс не му е прв пат да прикажува неодговорни здравствени програми кои можат да им наштетат на гледачите. Серијата „13 причини зошто” каде што детално се обработува самоубиството на една млада жена, налути многу експерти кои се побунија заради начинот на кој се прикажува себеповредувањето и менталното здравје, а истражувања покажуваат дека стапката на самоубиство се зголемила откако се емитува шоуто.
Загриженост се појави и за серијата „До коска”, за една девојка што се справува со нарушување во исхраната.
Па, ја имаа „Afflicted”, за луѓе што живеат со ретки хронични болести, кои беа прикажани како психосоматски или психијатриски нарушувања, а не како посебни болести, а серијата главно се потпираше на скептичните мислења на „експерти” без професионална или академска стручност.
И ова е се опасно, со оглед на тоа колку многу луѓе имаат Нетфликс - Гуп и секоја друга програма со проблематични совети одеднаш нема само неколку фанатици што инсистираат дека се во право, туку масовна публика.
А советот што треба да се послуша останува - баталете ја Гвинет Палтроу и јајца од жад и одете на доктор, ако нешто не ви е арно.